SlideShare a Scribd company logo
1 of 38
Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Eкономски факултет - Скопје
Дипломска работа по предметот Мултилатерален трговски систем на тема :
Спор за говедско месо третирано со хормони меѓу
Европската унија и Соединетите Американски
Држави
Ментор: Изработил:
доцент. д-р. Катерина Тошевска-Трпчевска Александар Паришев
Скопје, Октомври, 2015
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
Содржина:
Вовед
1. Решавање спорови според Општата спогодба за царини и трговија –ГАТТ.........5
2. Решавање спорови во Светската трговска организација..........................................7
3. Спор за говедско месо третирано со хормони .......................................................11
3.1. Хронологија на спорот........................................................................................13
4. Трговска размена на говедско месо и други производи меѓу страните за време на
спорот..........................................................................................................................22
4.1. Извозот на САД во ЕУ........................................................................................23
4.2. Увозот на САД од ЕУ.........................................................................................25
5. Активности што се одвивале во позадина за време на спорот..............................27
Заклучок
Користена литература
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
Вовед
Трговијата со храна и земјоделски производи често била камен на сопнување меѓу
Соединетите Американски Држави и Европската унија. Како резултат на тоа,
земјоделството било исклучено од преговарачката маса во првите седум рунди на
ГАТТ и било изземено од дисциплините што се применувале за индустриските
производи.
Разликата меѓу САД и ЕУ произлегува од нивните земјоделски политики. Глобално
економскиот раст бил силен од 50-те до 70-те години од минатиот век, но
земјоделството било исклучок од овој тренд. Имено, земјоделството имало пад на
учеството во целокопната трговска размена од 34 % во 1950 год. на 14 % во 1976 год..
Истовремено опаѓачките цени значеле и помали приходи за земјоделците.1
Како одоговор на тоа владите на САД и Европската унија, сакале да ги поддржат
земјоделските цени и приходи. Во Европската унија тоа се направило со носење на
Заедничката земјоделска политика - Common Agricultural policy (CAP) во 1962 год. Со
неа се контролирале цените, но не и производството па затоа се појавиле вишоци на
земјоделски производи. За да се намалат вишоците Европската комисија вовела
субвенции за фармерите што би им помогнале да ги продаваат своите производи на
интернационалните пазари но без загуба. Во САД, исто така, имало подршка на цените
и субвенции за фармерите, но во 70-те години тие се намалиле. Имено значајната
конкурентска предност на земјоделските производи од САД, што и овозможила на оваа
земја силна позиција во извозот често се препишувала на различните индустриски
методи користени во земјоделството. Тие методи значително ги намалувале трошоците
за производство. Така САД се фокусиралe на извозот на земјоделски производи и
почнале да се залагаат за слободна трговија со земјоделски производи.2
1
Devereaux Charan, Lawrence Z. Robert, Watkins D. Michael, Case studies in US Trade negotiation vol. 2,
Peterson Institute for International Economics, Washington DC, 2006, p. 33
2
Devereaux Charan, Lawrence Z. Robert, Watkins D. Michael, Case studies in US Trade negotiation vol. 2,
Peterson Institute for International Economics, Washington DC, 2006, p. 33-34
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
Важноста на трговијата со земјоделски производи меѓу земјите, обидите да се подобри
земјоделскиот сектор и водењето различни трговски политики довело до појава на еден
од најпознатите спорови во историјата на мултилатералниот трговски систем.
Имено САД и ЕУ се вклучени во долгогодишен и остар спор поради одлуката на
Европската унија да го забрани увозот на говедското месо третирано со хормони.
Покрај тековните серии на преговори, постапки и одлуки за решавање на спорот од
Светската трговска организација, постои континуирано несогласување помеѓу овие две
земји за голем број правни и процедурални прашања, како и за научни докази и
консензус во врска со безбедноста на месото третирано со хормони. Денес, Европската
унија и понатаму го забранува увозот на ова месо и ја ограничува количината на увозот
на високо квалитетно говедско месо што мора да биде сертифицирано дека е
произведено без хормони.3
Спорот за хормони се појавил кога САД се обидувале да го намалат влијанието на
земјоделската поддршка и субвенции што се применувале надвор од нивните граници.
Всушност тие со пронаоѓањето на нови технолошки изуми и индустриски методи што
би требало да се применуваат во земјоделството и што би ги намалиле трошоците,
сакале да го анулираат ефектот на земјоделската поддршка и субвенции во Европската
унија. Со други зборови целта им била да остварат поголема конкурентска предност,
чекор што би донел придобивки за земјоделската индустрија во САД.
Несогласувањата во однос на земјоделската политика и различните ставови на
најголемите трговски сили се поттикнувачките идеи за изработка на овој дипломски
труд. Во трудот најпрво ќе се зборува за тоа како се решавале споровите во времето на
стариот ГАТТ-1947, а потоа ќе биде прикажан новиот Механизам за решавање на
спорови на Светската трговска организација што на некој начин е наследник на
стариот но со одредени подобрувања. Фокусот на овој труд ќе биде Спорот за говедско
месо третирано со хормони меѓу Соединетите Американски Држави и Европската
унија. Тој ќе биде прикажан на еден концизен начин при што ќе бидат издвоени
најважните случувања. Ќе се обидеме да ги прикажеме ефектите што ги имал спорот
врз размената меѓу вклучените страни, разните индустрии, бизниси, а воедно и врз
самиот Механизам за решавање на спорови. Исто така, ќе се обидеме да ја разработиме
3
Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington, 2015, p. 1
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
и неговата позадина, со цел да воочиме што навистина се случува кога ќе се судрат
интересите на најмоќните земји.
1. Решавање спорови според Општата спогодба за царини и трговија-ГАТТ
од 1947 година
Во меѓународното право постојат два пристапи. Според првиот, прифатените
меѓународни обврски се супериорни во поглед на домашното право и државите се
должни во целина да ги почитуваат. Сепак, понекогаш може да има непочитување на
некои конвенции и резолуции донесени од страна на Генералното собрание на ООН,
Советот за безбедност, другите тела, органи и специјализирани агенции на ООН. Овој
проблем произлегува од судирот меѓу суверенитетот на државите членки и неговото
делегирање при зачленувањето во некоја меѓународна организација, односно при
потпишувањето на некоја меѓународна конвенција или спогодба. Вториот пристап дава
приоритет на домашното право, и според него, и покрај тоа што државата прифатила
одредени меѓународни обврски и правила за регулирање на определна област,
нејзините субјекти не се должни да ги почитуваат, доколку тие не се инкорпорирани во
домашното право.4
При тоа домашното законодавство може да даде свое толкување на
погоре споменатите конвенции, спогодби и сл.
Поради ова постои можност за различно толкување на обврските што произлегуваат од
овие меѓународни инструменти така што доаѓа до појава на спорови меѓу државите
членки. Општата спогодба за царини и трговија-ГАТТ ја предвидела можната појава на
овие недоразбирања, и за нивно решавање бил усвоен методот на дипломатски
консултации. Тука треба се спомне членот XXIII што претставува општа одредба што
повикува на „благонаклонето одлучување“ и консултации во врска со се што
подразбира примена на Спогодбата.5
Тој создал посебен механизам за да се избегне
„ништовност и неприменливост “ на спогодбата ГАТТ. Тоа би можело да се случи
доколку:
4
Јолевски Зоран, Светскиот трговски систем, Матица, Скопје, 2006, стр.257
5
Мацушита Мицуо, Шонбаум Џ. Томас , Мавроидис Ц. Петрос, Светска трговска организација-Право,
Практика и Политика, Просветно дело, Скопје, 2009, стр. 105
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
1. Конкретна договорна страна не успее да ги исполни обврските преземени со
ГАТТ;
2. Една договорна страна примени определена мерка против друга договорна
страна, независно дали таква мерка е во спротивност со ГАТТ;
3. Се случи каква било друга „ситуација“ што е проблематична.6
На почетокот споровите се решавале преку дипломатски преговори, што претставувало
единственото средство за решавање спорови. Подоцна биле формирани таканаречени
работни групи што требало да спроведуваат истраги и да формулираат препораки. Тие
биле составени од претставници од разни земји-членки што работеле под инструкции
на сопствените влади, но тоа се променило во 1955 год. кога договорните страни ги
доверувале споровите на таканаречени панели што биле составени од неутрални
експерти. Иако овие панели немале никаква правна сила сепак ГАТТ ги земал во
предвид нивните извештаи. Тие се применувале се почесто и се покажале како
успешни па така се јавила потребата да се формализираат. Во таа насока се развила
серија на спогодби и разбирања за решавање спорови како додаток на членот XXIII.
Панелите почнале да се трансформираат во квазисудски институции со строго
дефинирани правила. Странките почнале се почесто да се повикуваат на членот XXIII
за да ги заштитат своите права според ГАТТ. Одлуките на панелите почнале да се
почитуваат, а државите се почесто да ги спроведуваат.7
Но и покрај целиот овој успех на панел-системот на ГАТТ тој имал свои недостатоци
што се одразувале на неговата ефикасност. Такви биле: одложувања во формирањето
на панелите, и работата на панелот, одложувања на спроведувањето на одлуките и сл.
Процедурите во стариот ГАТТ немале дефинирани временски рокови за
спроведувањето на споровите, донесувањето на одлуките можело лесно да биде
блокирано и на тој начин многу трговски спорови да бидат одолговлекувани и никогаш
да не бидат завршени или спроведени.8
Дури и антидампишките спорови во времето на
ГАТТ не можеле да се завршат со децении па и тогаш кога ќе биле завршени, одлуките
6
Мацушита Мицуо, Шонбаум Џ. Томас , Мавроидис Ц. Петрос, Светска трговска организација-Право,
Практика и Политика, Просветно дело, Скопје, 2009, стр. 105
7
Мацушита Мицуо, Шонбаум Џ. Томас , Мавроидис Ц. Петрос, Светска трговска организација-Право,
Практика и Политика, Просветно дело, Скопје, 2009, стр. 107
8
Тошевска Катерина, Решавање трговски спорови во рамките на СТО-некои примери од
надворешнотрговската размена на Европската унија, Годишник на економскиот факултет-Скопје, 2006,
стр.515
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
на меѓународните арбитражи не биле спроведувани.9
На сите овие нешта им било
обрнато посебно внимание во новиот систем за решавање спорови што бил прифатен
од Светската трговска организација.
2. Решавање спорови во Светската трговска организација
Механизмот за решавање трговски спорови е една од најзначајните придобивки од
Уругвајската рунда на преговори. Тој стапил на сила на 1 Јануари 1995 год. и станал
најважниот меѓународен трибунал што според начинот на функционирање многу
наликува на меѓународен трговски суд. Тоа е така бидејќи според него: постојат
задолжителни правила, одлуките се носат врз основа на нив, тие се задолжителни за
страните и доколку страните не ги спроведат одлуките, можни се санкции. Од
политичка гледна точка, целта на новиот систем е да понуди фер и еднакви можности
за сите членки.10
Односно послабите или понеразвиените земји можат да се жалат
против развиените т.е. силните земји и обратно. Двете страни добиваат еднаков
третман без разлика на нивната политичка и економска моќ. Со други зборови моќната
политика е неутрализирана за разлика од времето на ГАТТ.
Овој систем бил изграден врз основа на предходниот режим на ГАТТ, односно после
неколку децениска еволуција на системот за решавање на спорови на ГАТТ.
Документот со кој бил воспоставен е „ Договор за правилата и постапките за решавање
на спорови“ усвоен на Уругвајската рунда.11
Овој документ е клучен инструмент што
ги дефинира правилата и процедурите за решавање на споровите што произлегуваат од
одредбите што се содржани во :
1. Спогодбата за основање на СТО;
2. Мултилатералните трговски спогодби;
-Мултилатералните спогодби за трговија со стоки;
9
Кикеркова Ирена, Надворешна трговија, Економски факултет, Скопје, 2008, стр. 116
10
Бејн Николас и Вулкок Стивен, Нова економска дипломатија-Донесување одлуки и преговарање во
меѓународните економски односи, Нампрес, Скопје, 2007 , стр.329
11
Мацушита Мицуо, Шонбаум Џ. Томас , Мавроидис Ц. Петрос, Светска трговска организација-Право,
Практика и Политика, Просветно дело, Скопје, 2009, стр. 108
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
-Општата спогодба за трговијата со услуги;
-Спогодбата за трговските аспекти на правата од индустриска
сопственост.
3. Плурилатералните трговски спогодби:
-Спогодба за трговија со цивилни воздухоплови;
-Спогодба за државни набавки.12
Исто така, постојат и специјални, односно дополнителни правила и процедури што
имаат приоритет при решавањето на споровите во однос на процедурата предвидена во
„ Договор за правилата и постапките за решавање на спорови “. Тие се наоѓаат во:
1. Спогодбата за примена на санитарните и фитосанитарните мерки ;
2. Спогодбата за техничките бариери во трговијата;
3. Спогодбата за примена на членот VI од ГАТТ 1994;
4. Спогодбата за имплементација на членот VII од ГАТТ 1994;
5. Спогодбата за субвенции и компензаторни мерки;
6. Општа спогодба за трговија со услуги;
7. Одлуката за определени процедури за решавање на спорови за ГАТС.13
Постои Тело за решавање на спорови (ТРС), кое во основа е Генералниот Совет, чии
задачи се воспоставување на панели, усвојување на извештаите на панелот и на
Апелацискиот орган, вршење надзор при спроведувањето на одлуките и препораките
од страна на земјите, како и давање овластувања за суспензија на отстапки и
преземање реторзивни мерки во случаите кога земјата што го загубила спорот не ги
презема препораките за нејзино приспособување.14
Постапката за решавање спорови, според регулативата на СТО, подразбира преземање
прецизни процедури со кои се решаваат жалби поднесени од која било членка на СТО,
12
Јолевски Зоран, Светскиот трговски систем, Матица, Скопје, 2006 стр.260
13
Јолевски Зоран, Светскиот трговски систем, Матица, Скопје, 2006 стр.260
14
Мацушита Мицуо, Шонбаум Џ. Томас , Мавроидис Ц. Петрос, Светска трговска организација-Право,
Практика и Политика, Просветно дело, Скопје, 2009, стр. 108
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
во случаи кога други членки на СТО ги прекршиле правилата за слободна трговија.
Цел на оваа постапка е да се одбегне каква било конфронтација на билатерална основа,
што би можела да резултира со преземање на реторзивни (повратни) мерки за другата
страна.15
Во новиот механизам постојат три начини за решавање на несогласувањата
меѓу членките и тоа:
1. Преку водење на заемни консултации - Земјите треба да се консултираат со цел
да се реши проблемот но доколку во рок од 60 дена не е постигнато прифатливо
решение тогаш земјата-тужител може да побара формирање на панел.
Резултатите од консултациите што иако биле неуспешни сепак треба да се
достават до Телото за решавање на спорови.
2. Преку услуги на добра воља, помирување и посредување - Овие услуги се
можни во текот на целиот процес.
3. Преку основање на панел што треба да донесе решение на спорот. Панелот
треба да биде формиран од 3 до 5 експерти номинирани од списокот и од страна
на Секретаријатот. Членките можат од време на време да побараат да бидат
додадени нови квалификувани експерти во споменатиот список. Панелистите
треба да бидат квалификувани владини или невладини лица.16
Постапката за покренување трговски спор започнува со тоа што барањето за решавање
на некој трговски спор треба да биде поднесено од определена земја-членка
Покренувањето на тужбата треба да покаже дека дошло до намалување или губење на
погодностите на земјата што тужи заради активности преземени од страна на тужената
земја, при што се можни: прекршување на одредбите од договорите, непрекршување на
одредбите, и било која друга ситуација што довела до намалување или губење на
погодностите.17
Како најзначајна промена на Механизмот за решавање на спорови, се смета
воспоставувањето рокови што мора да се почитуваат, и тоа при: решавањето на
15
Секуловска-Габер Билјана, Меѓународни организации и интеграции, Економски факултет, Скопје,
2003, Стр.113
16
Trebilcock J. Michael, Howse Robert, The Regulation of International Trade, Routledge, Oxon and New
York, 2005, p. 124
17
Hoekman B. and Kostecki M., The Political Economy of the World Trading System, The WTО and Beyond,
Oxford University Press, New York, 2009, pp. 87-88
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
спорови, усвојувањето на извештаите и препораките на панелот, и усвојувањето на
извештаите и одлуките на Апелациското тело.18
Па така, при појава на спор меѓу државите членки, во денешни услови, според
„Договор за правилата и постапките за решавање на спорови “ треба да се почитуваат
следниве рокови:
Табела бр. 1 Рокови за решавање трговски спорови во СТО
60 дена Консултации посредување и сл.
45 дена Основање на панелот, и именување панелисти
6 месеци Извештај на панелот
3 недели Дистрибуција на Извештајот до сите членки на СТО
60 дена ТРС го усвојува Извештајот (ако нема жалба)
Вкупно = 1 година (Без жалба до Апелациското тело)
60-90 дена Извештај на Апелациското тело
30 дена ТРС го усвојува Извештајот
Вкупно = 1 година и 3 месеци (Доколку има жалба)
Извор: WTO, Trading into the Future, Geneva, 1997, p. 32
Како што можеме да видиме новитет во новиот Механизам за решавање на спорови,
покрај Телото за решавање на спорови, е и постоењето на Апелациското тело. Кај него
страните можат да ги обжалат одлуките на панелот, доколку сметаат дека тие се
неправилни. Апелациското тело , по разгледувањето на сите околности на спорот, го
објавува својот извештај што ги содржи неговите одлуки што се конечни и што
страните треба да ги применат без одлагање. Како слабост на Механизмот, во овој дел
од спорот, може да кажеме дека е непостоењето на орган што би ги присилил или
казнил страните што одбиваат да ги спроведат одлуките.
Накратко можеме да заклучиме дека стариот систем за решавање на спорови (односно
оној на ГАТТ), се разликува од новиот механизам за решавање на спорови (оној на
СТО) според неколку нешта. Имено, основната разлика е тоа што со новиот механизам
не може да се оневозможи основањето на панелот или да не се прифати неговиот
извештај, освен со негативен консензус. Ова претставувало слабост на системот на
ГАТТ. Исто така, автоматизмот на спроведување на процесот на панелот без оглед на
мислењата на страните во спорот, како и постоењето на Апелациското тело каде
земјите може да обжалуваат, претставуваат најзначајните измени на новиот механизам.
18
Јолевски Зоран, Светскиот трговски систем, Матица, Скопје, 2006 стр.261
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
Тука е битно да се напомене дека во ГАТТ споровите траеле дури и по 20 години, што
не е случај во СТО каде еден спор просечно трае до 2 години.19
Тоа е резултат на
претходно споменатите рокови што биле воведени и чиешто почитување е неизбежно.
Новиот механизам на СТО за решавање трговски спорови постигнал поголема
дисциплина и транспарентност во временското спроведување на трговските спорови и
во донесувањето на крајните одлуки, но определена доза на неизвесност постоела во
спроведувањето на донесените одлуки.20
Со други зборови, Механизмот за решавање трговски спорови во СТО претставува
централен елемент во обезбедувањето сигурност и предвидливост на
мултилатералниот трговски систем. Ефективното спроведување на преземените
обврски во мултилатералниот трговски систем е предуслов за негово успешно
функционирање. Ефикасноста на Механизмот за решавање на спорови во СТО зависи
од одговорноста на поединечните земји-членки во спроведувањето на одлуките и
следењето на нивната примена, а не од страна на Секретаријатот или друг орган на
СТО.
Механизмот за решавање спорови може да се смета за неефикасен ако се земе предвид
спорот за говедско месо третирано со хормони, бидејќи нема начин да се справи со
случаите кога членките одбиваат да ги усогласат сопствените трговски политики со
одредбите на СТО. Тоа било така во овој случај, бидејќи и двете страни непрекинато си
поставувале одредени правни замки, алудирајќи на разни членови од спогодбите, се со
цел да остварат одредена предност наместо на направат определени приспособувања со
цел решавање на спорот. Преку овој случај се гледа дека Механизмот не може да ги
присили земјите да ги почитуваат донесените одлуки.
Во овој труд, кој се однесува токму на Спорот за хормони, ќе го разгледаме спорот
детално, вклучувајќи ги сите околности и случувања при што ќе се обидеме да дадеме
одговор за тоа дали Механизмот е навистина неефикасен или пак овој спор има
одредена позадина поради која страните не можеле да го решат со што можеме да го
сметаме како исклучок.
19
Hoekman B. and Kostecki M., The Political Economy of the World Trading System, The WTО and Beyond,
Oxford University Press, New York, 2009, p. 87-88
20
Тошевска Катерина, Решавање трговски спорови во рамките на СТО-некои примери од
надворешнотрговската размена на Европската унија, Годишник на економскиот факултет-Скопје, 2006
год., стр. 516
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
3. Спор за говедско месо третирано со хормони
Како претходница на овој спор можеме да го сметаме текот на неколку настани што се
случиле пред неговото создавање.
Како што објаснивме претходно, САД и Европската унија воделе различна трговска
политика со цел да го подобрат земјоделството и трговијата со земјоделски производи.
Како прво, САД пробувале да се здобијат со конкурентска предност на пазарот, преку
изнаоѓање нови начини, методи и техники, применливи во земјоделството, што би
довеле до намалување на производствените трошоци.
За прв пат во педесетите години од минатиот век, бил пронајден и употребуван првиот
хормон за раст на животните, диетилстилбестрол ДЕС (diethylstilbestrol, DES). По само
неколку годишна употреба на овој хормон за третирање на животните за прехрана, се
покажало дека тој е штетен за здравјето на луѓето, односно канцероген. Но, на САД им
биле потребни приближно две децении, до крајот на седумдесетите години, за да ја
забрани употребата на овој хормон.21
Од друга страна пак, во истиот период во Италија се дошло до едно вознемирувачко
сознание. Имено, во едно училиште на неколку десетици момчиња им се развиле
гради, а пак на исто толкав број девојчиња, на возраст од 5-6 години, им се појавиле
првите знаци на пубертет. Дури имало и случај каде едно осум годишно девојче било
развиено како возрасна жена. По спроведеното истражување се докажало дека тие
симптоми биле предизвикани од високо ниво на присуство на женскиот хормон
естроген во организмот на пациентите, но не можело да се открие од каде. Некои
научници кажале дека причината за тоа би можела да биде неконтролираната исхрана
со говедско месо што се служело во мензата на училиштето. Всушност, тие укажале
дека учениците преку тоа месо конзумирале неметаболизиран естроген, што бил
резултат на неправилно поставен хормонски имплант во животното. Така на пример,
21
Devereaux Charan, Lawrence Z. Robert, Watkins D. Michael, Case studies in US Trade negotiation vol. 2,
Peterson Institute for International Economics, Washington DC, 2006, p. 35-36
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
ако некој сточар го поставил имплантот во вратот на животното, наместо позади увото,
месото што би излегло од вратот би содржало голема количина на хормони.22
Набрзо по овој немил настан било откриено дека 30,000 теглички на бебешка храна го
содржеле хормонот ДЕС. Сето ова можеби се случувало бидејќи сточарите во САД и
понатаму го употребувале овој хормон, покрај забраната, бидејќи тој давал
најефикасни резултати. Но ова не би можеле да го потврдиме бидејќи во тоа време
употребата на хормони била дозволена и во некои европски земји, што би можеле да го
извезуваат споменатото месо во Италија.
Поради сите овие случувања како и стравот од болеста луди крави, што се појавила во
Европа, свесноста за храната кај европските потрошувачи се подигнала на повисоко
ниво. Европските потрошувачи почнале да внимаваат и на зголемената употреба на
хормони за развој на добитокот за што сметале дека е опасна по здравјето на луѓето.
Оттаму овие хормони се употребувале во САД, а во повеќето од земјите на Европската
унија била забранета примената на хормони во одгледувањето на добитокот, но сепак
во некои земји се уште се применувале хормоните.
Бидејќи во овој период се одвивале подготовките за формирање на единствениот пазар
меѓу европските земји, што покрај останатите обврски, подразбирал и усогласување на
сите технички стандарди, стандарди за квалитет и сите останати стандарди меѓу
земјите.23
Па така, по долги дискусии во 1987 год. била донесена Директивата за хормони што
стапила на сила во 1989 год. Со оваа директива Унијата забранила секаква употреба на
кои било хормони, како и увоз на животни и месо од животни третирани со хормони.
Со воведувањето на оваа директива се појавиле првите бранувања на меѓународната
трговска сцена. Тоа било така бидејќи САД претрпеле штети со тоа што го загубиле
европскиот пазар.
Поради обемноста на спорот сметаме дека најдобро е да го прикажеме хронолошки, со
извлекување на најзначајните поенти, со цел да се добие јасна претстава за тоа што
навистина се случувало.
22
Devereaux Charan, Lawrence Z. Robert, Watkins D. Michael, Case studies in US Trade negotiation vol. 2,
Peterson Institute for International Economics, Washington DC, 2006, p. 38
23
Тошевска Катерина, Либерализација на меѓународната трговска размена помеѓу Европската унија и
Светската трговска организација, магистерски труд, Економски факултет, Универзитет Св. Кирил и
Методиј, Скопје, 2006, стр. 191-192
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
3.1 Хронологија на спорот
1981-1988
Европската комисија воспоставила серија на рестрикции за сточарското производство
со што ја ограничила употребата на хормони за терапевтски цели, забранила употреба
на синтетички хормони, и забранила увоз на животни и месо од животни што биле
третирани со хормони.24
Во периодот од 1986-1987 година, САД ја обжалиле оваа забрана пред Комитетот за
технички бариери во трговијата, и се повикале на решавање на спорот според кодот за
стандарди на старата ГАТТ спогодба. Европската унија го одложила воспоставувањето
на забраната до 1 jануари 1989 год. Кон крајот на 1987 год., претседателот Реган
изјавил дека го одложил воспоставувањето на реторзивните мерки на околу 100
милиони долари од вредноста на увозот на ЕУ.25
Всушност, на некој начин и двете
страни оставиле простор за да можат да најдат друго решение.
Во овој период разни научни осврти биле започнати, вклучувајќи студии од:
Европската комисија, Комитетот на здружени експерти за прехрамбени адитиви на
Светската здравствена организација и на Организацијата за храна и земјоделство на
Обединетите нации (Joint FAO/WHO Expert Committee on Food Additives - JECFA),
Комитетот за ветеринарни лекови на Регулаторната комисија за Кодекс Алиментариус
(Codex Alimentarius), како и Американската агенција за храна и лекови и слични
институции во други земји.
1989
ЕУ целосно ја спровела забраната за увоз на месо и производи од месо од животни
третирани со шест хормони за раст, од кои три се природно настанати: естрадиол 17β,
прогестерон и тестостерон, а другите три се синтетички: зеранол, тренболон и
меленгестрол.26
Овие шест хормони биле одобрени за употреба во САД. Забраната на
24
Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington , 2015, p.
30
25
Ibid
26
Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington , 2015, p.
30
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
ЕУ значајно го намалила извозот од САД на говедско месо во Европската унија. САД,
покренале реторзивни мерки во износ од 100% ad valorem царина за увозот од ЕУ во
вредност од 93 милиони долари, што биле на сила до мај 1996 год. кога ЕУ побарала
воспоставување на панел во СТО против овие мерки на САД.27
1995
Спогодбата за санитарни и фитосанитарни мерки стапила на сила. Одлучено е дека
максималните дозволени граници за природните хормони не се потребни и се усвојиле
граници за два од синтетичките хормони.28
1996
Европската унија гласала за задржување на забраната. САД барале воспоставување на
панел во СТО за решавање на спорот со ЕУ, при што тврделе дека забраната не била во
согласност со обврските на ЕУ кон СТО. Австралија, Канада и Нов Зеланд им се
придружиле на САД во тужбата. Европската Комисија издала нова директива ЕЦ
96/22 со која се отповикале директивите од 1981 и 1989 година, и се потврдила и
продолжила забраната. Директивата стапила на сила на 1 јули 1997 год.
1997
Панелот за решавање спорови го издал својот извештај, во кој пресудил дека забраната
на ЕУ за употреба на хормони за раст на говедата е неконзистентна со обврските што
произлегуваат од СПС спогодбата (поточно член 3.1, 5.1, и 5.5), со тоа што забраната
не била базирана на научни истражувања или на соодветна проценка на ризик или
соодветните меѓународни стандарди. ЕУ поднела жалба за одлуката на панелот, а
воедно и иницирала серија на научни истражувања за овие шест хормони.
1998
Апелациското тело ја потврдило одлуката на панелот но отфрлило некои од неговите
наоди. Апелациското тело одлучило дека Европската унија не докажала научно дека
хормоните за кои станува збор предизвикуваат појава на рак кај потрошувачите.
Телото потврдило дека земјите можат да усвојат построги стандарди ако се поддржани
со соодветна проценка на ризик.Тоа утврдило дека забраната на Европската унија не
27
Ibid
28
Ibid
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
претставува скриена бариера за меѓународната трговија. Телото за решавање спорови
ја усвоило одлуката на панелот како и онаа на Апелациското тело. ЕУ кажала дека ќе ја
спроведе одлуката на СТО во најкратко можно време. Ниту една од страните не била
во состојба да се договорат колку и што значи “ разумен временски период” за
спроведување. Така арбитрерот одлучил дека ЕУ има потреба од 15 месеци, односно до
13 мај 1999 да ја спроведе одлуката.29
1999
Како одговор на одлуката на СТО, во февруари ЕУ истакнала три опции за решавање
на спорот и тоа:
1. Надомест на штета на САД;
2. Отстранување на забраната во комбинација со соодветен систем за
етикетирање и
3. Промена на забраната како привремена мерка.30
САД испратиле писмо до комесарите на Европската унија за земјоделство и трговија со
потцртување на можноста за систем за етикетирање. Но наместо таа можност,
поддршката од најголемиот дел од индустријата за говедско месо влијаела САД да се
одлучат за примена на одредени реторзивни мерки. Во март, САД објавиле дека ќе
разгледаат можни трговски санкции против ЕУ и објавиле прелиминарна листа на
производи што би можеле да бидат предмет на зголемени царини доколку спорот не се
реши.
Во април, ЕУ го издала своето прво испитување и мислење, врз основа на студии на
Научниот комитет на ЕУ за ветеринарни мерки што се однесуваат на јавното здравје
(Scientific Committee on Veterinary Measures relating to Public Health - SCVPH), за
потенцијалниот ризик врз човековото здравје од конзумирањето месо третирано со
хормони. Образложението на комитетот било дека тој има докази што покажуваат дека
хормонот за раст естрадиол што се употребувал при одгледувањето на добиток е
канцероген како и дека има и други потенцијални ризици по здравјето на човекот.
29
Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington , 2015, p.
31
30
Ibid
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
Извештајот содржел критики од Комитетот за ветеринарни продукти во Обединетото
Кралство што биле наведени во него.
Истовремено, крајниот рок на ЕУ за спроведување на одлуката на Апелациското тело
истекувал на 13 мај. Во јули, САД и Канада побарале дозвола од СТО да покренат
царински концесии и да и вратат во иста мера на Европската унија. СТО поставил
нивоа и тоа во износ од 116.8 милиони долари за САД и 11.3 милиони за Канада.31
Канцеларијата на трговскиот претставник на САД (United States Trade Representative -
USTR) ја објавил својата одлука за наметнување на 100% ad valorem стапка на акциза
за листата на специфични производи од одредени земји-членки на ЕУ, што стапила на
сила на 29 јули. Листата на производи вклучувала говедско месо, свинско месо, црн
дроб од гуска, сирење, тартуфи, кромид, моркови, конзервирани домати, колбаси, супи,
предиво, сенф, сок, цикорија, тост леб, чоколадо, џемови, лепак, и волнена маст.
Листата на САД била насочена кон Франција, Германија, Италија и Данска, но не и кон
Обединетото Кралство.32
2000
Во мај Европската унија го издала своето второ испитување и мислење, што било
базирано на студии од Научниот комитет за ветеринарни мерки поврзани со јавното
здравје за потенцијалните ризици врз здравјето на луѓето поврзани со конзумирањето
месо третирано со хормони. Испитувањето дошло до заклучок дека новите
информации не обезбедиле убедливи податоци и аргументи со кои би се појавила
потреба за ревизија на претходните заклучоци. Всушност резултатите од новото
испитување не се разликувале од она во 1999 год.
Конгресот на САД донел закони како дел од Законот за трговија и развој од 2000 год. ,
со кои се барало од Трговскиот претставник на САД (USTR) да ја прегледа и
периодично да ја ревидира и намалува листата на производи што се предмет на
реторзивни мерки, кога и некоја друга земја нема да успее да ја спроведе одлуката на
СТО за одреден спор. Оваа периодична ревизија на листата на продукти станала
позната како “рингишпил одмазда”33
31
Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington , 2015, p.
31
32
Ibid
33
Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington , 2015, p.
31
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
2001
Комисијата обезбедила документација од студии, списанија и публикации. САД и ЕУ
иницирале дискусија за надомест.34
2002
Во април, Европската унија го објавила и своето трето истражување и мислење врз
основа на студии од Научниот комитет за ветеринарни мерки поврзани со јавното
здравје, за потенцијалните ризици врз здравјето на луѓето поврзани со потрошувачката
на месо третирано со хормони. Истражувањето ги потврдило уште еднаш своите
претходни заклучоци. Дало осврт на 17 студии иницирани во 1998 год. , и повторно ги
потврдило претходните наоди од двете претходни истражувања во 1999 год. и во 2000
год.35
2003
Во септември, Комисијата издала Директива 2003/74, амандман 96/22 со која трајно
забранила употреба на естрадиол на животни од фарма и привремено ја забранила
употребата на другите пет хормони, додека не се обезбеделе комплетни научни
информации. ЕУ ги изразила своите напори да ја замени првобитната забрана со
привремена што била во согласност со обврските спрема СТО, цитирајќи го член 5.7 од
СПС спогодбата: дозволени се привремени мерки во случај кога нема доволно научни
докази, под услов дека проценката на ризикот ќе се врши во разумен временски рок.
Во октомври, ЕУ издала соопштение за медиумите во кое потврдила дека забраната е
поддржана од испитувањата на комитетот од 1999 год. и 2000 год. што сочинуваат
“темелна проценка на ризикот врз основа на тековните научни знаења” и дека со тоа ги
исполнила обврските кон СТО. САД повторно се сомневале дека тие испитувања
содржат проценка на ризикот. ЕУ тврдела дека САД и Канада немале правна основа за
продолжување на трговските санкции против неа. Во декември, Унијата го пријавила
спорот во СТО за да добие мултилатерална одлука.36
34
Ibid
35
Ibid
36
Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington , 2015, p.
32
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
2004-2005
ЕУ покренала нов спор при што тврдела дека таа направила измена во својата забрана,
а САД и Канада требале да ги отстранат трговските санкции против неа, бидејќи не
биле конзистентни со правилата на СТО. Случаите на САД и Канада биле ефикасно
споени во рамките на еден панел, бидејќи биле во голема мера идентични, иако се
технички одвоени.37
Австралија и Мексико се приклучиле кон консултациите. ЕУ
барала воспоставување на нов панел во СТО чиешто заседание би било во септември
2005 год. Тоа било првиот панел на СТО што бил отворен за набљудување од страна на
јавноста.
2006
Панелот на СТО објавил дека поради комплексноста на спорот, како и
административните и процедуралните прашања, панелот нема да ја заврши својата
работа до октомври 2006.
Комитетот за ветеринарни производи на Обединетото Кралство издал втор извештај во
кој ги критикувал наодите на Начниот комитет на ЕУ.
Во октомври, трговскиот претставник на САД се одлучил против ревидирање и
намалување на листата на производи што биле предмет на повисоки царини при увоз
во САД. Оваа одлука била поддржана од Националната асоцијација за говедско месо,
како и од Федерацијата за извоз на месо на САД. Судот на САД за меѓународна
трговија одредил дека оваа акција била во согласност со барањата на таканаречената
“рингишпил одмазда” (повратни мерки).
2007
Панелот на СТО повторно објавил дека поради комплексноста на спорот и вклучените
научни прашања како и проблемите во распоредот, неговиот конечен извештај ќе го
одложи до јуни 2007 год.
Во јуни, Европската управа за безбедност на храна (European Food Safety Authority -
EFSA) донела свое мислење во врска со хормонот што имал остатоци во говедското
37
Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington , 2015,
p.32
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
месо и месните продукти, базирани на нејзината ревизија на научните податоци. Таа
заклулчила дека новите јавно достапни податоци не обезбедуваат квантитативни
информации за проценка на ризик, и според тоа не се повикуваат на ревизија на
претходните проценки.
Во јули, панелот на СТО го објавил привремениот извештај, кој вклучувал наоди и
заклучоци. Датата за објавување на крајниот извештај била преместена до октомври
2007, и на крајот тој бил објавен во декември истата година.
2008
Во март, извештајот на панелот на СТО бил доставен до членовите на усвојување.
Панелот објавил дека пронашол грешка кај сите три страни (ЕУ, САД и Канада) на
различни важни и процедурални аспекти на спорот. Извештајот на панелот тврдел дека
ЕУ не презентирала доволно научни докази за да ја оправда својата забрана за увоз,
вклучително и извештајот за проценка на ризик од 2003 год. Извештајот на панелот ги
обвинил САД и Канада за продолжување на нивните трговски санкции. Трите страни
поднеле жалба, наведувајќи процедурални грешки и несогласувања со наодите на
панелот.38
Во октомври, Апелациското тело на СТО објавило мешана одлука што им овозможила
продолжување на трговските санкции на САД и Канада кон ЕУ , но исто така додала
дека ЕУ може да продолжи со примената на забраната за увоз на говедско месо
третирано со хормони од САД и Канада. Апелациското тело ја променило одлуката на
панелот дека забраната на ЕУ е некомпатибилна со правилата на СТО, со што и дала
поголема почит на ЕУ при нејзиното одлучување за основата на нејзините прописи за
безбедност на храната.
Трговскиот претставник на САД во октомври објавил дека бара коментар за можната
промена на листата на европски производи што биле предмет на зголемени царини
поради спорот. Во декември 2008 год. ЕУ побарала воспоставување на консултации
согласно членот 21.5 од Механизмот за решавање на спорови, за да се утврди дали тоа
е во согласност со нејзините обврски кон СТО во главниот спор за хормони.39
38
Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington , 2015, p.
32
39
Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington , 2015, p.
33
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
2009
Во јануари, Трговскиот претставник на САД објавил промени во листата на европски
производи што биле предмет на зголемени царини поради спорот, додавајќи земји и
зголемувајќи ги царините на селектираните производи, што стапиле во сила на 23-ти
март 2009 год. ЕУ тврдела дека овој потег на САД претставувал “ескалација” на
спорот, и е “повеќе ригорозен” од постоечките трговски санкции. Во мај 2009, по
серија на преговори, САД и ЕУ потпишале Меморандум за разбирање (Memorandum of
Understanding - MOU), во обид да се реши овој долгогодишен спор со натамошно
отварање на пазарот на ЕУ за месо што не е третирано со хормони. Условите на овој
договор требало да бидат отстранети во текот на наредните години.
Како дел од фаза 1 од меморандумот, ЕУ усвоила прописи за воспоставување царински
квоти за увоз на 20,000 тони висококвалитетно говедско месо, што биле ефективни од
август 2009 год. САД се согласиле да не ги спроведуваат “рингишпил” санкциите од
јануари 2009 год., што требало да значи повисоки давачки за избрани европски
производи при увоз во САД. Но сепак трговските санкции би останале во сила за
одреден извоз на Европската унија до конечната фаза на договорот.
2010
Во октомври 2010 год., Апелацискиот суд на САД во случај што се однесувал на
давачки платени од извозници од ЕУ во рамките на спорот, донел одлука дека тие
може да се квалификуваат за повраток на средствата.40
2011
Во мај 2011 год, трговскиот претставник на САД (USTR) објавил дека ги суспендира
повисоките давачки за увезените производи од листата, наведени во спорот, пред
закажаниот датум во рамките на Меморандумот за разбирање.
2012
Како дел од фаза 2 на Меморандумот за разбирање, во јуни 2012 година, ЕУ усвоила
прописи, со кои ја зголемила квотата за увоз на висококвалитетно говедско месо на
40
Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington , 2015,
p.32
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
48,200 тони, и го променила системот за управување со квоти на основа на “прв дојден,
прв услужен” , што биле целосно ефективни од aвгуст 2012 год.41
2013
Во октомври 2013 год., ЕУ одобрила двегодишно продолжување на втората фаза на
Меморандумот за разбирање, овозможувајќи зголемен пристап на говедското месо од
САД одгледано без употреба на растечки додатоци (хормони) во замена за
продолжување на суспензијата на САД на зголемените увозни давачки на некои
прехрамбени производи од ЕУ. Продолжувањето требало да биде во важност до aвгуст
2015 година.42
***
По деталната разработка на овој спор можеме да дојдеме до одредени заклучоци.
Сметаме дека низ процесот на овој спор има одредено позадинско партнерство меѓу
САД и Обединетот Кралство. До овој заклучок дојдовме бидејќи во два наврати
извештајот од Комитетот за ветеринарни продукти од Обединетото Кралство, содржел
критики за наодите од Научниот комитет на ЕУ, што немале значајна научна подршка.
Исто така, Обединетот Кралство била единствената европска земја против која не биле
покренати реторзивни мерки.
Според нашите согледувања овој спор можел да се реши уште во 1999 година, кога ЕУ
ги истакнала трите можни опции за решавање на спорот од кои сметаме дека
најповолна за двете страни би била онаа за отстранување на забраната во комбинација
со соодветен систем за етикетирање. Но, САД иако размислувале за оваа опција сепак
со мнозинска подршка и поради одредени лични причини се одлучиле да применуваат
реторзивни мерки.
41
Renee Johnson, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington, 2015, p.
33
42
https://www.fas.org/sgp/crs/row/R40449.pdf
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
Исто така, сметаме дека Апелациското тело со својата одлука во 2008-та година со која
им дозволило на САД и Канада да продолжат со примената на реторзивни мерки, а на
ЕУ со својата забрана, направило преседан и го поткопало постоењето на целиот
концепт на Механизмот за решавање на спорови. Всушност сметаме дека не би смеело
да се донесе таква одлука што не нуди никакво решение туку напротив го враќа спорот
во првобитната форма.
Како што можевме да видиме овој спор траел премногу долго, и покрај сите рокови
што се неизбежни и што мора да се почитуваат. Всушност овој спор наликува на оние
од времето на старата ГАТТ спогодба и на некој начин ни кажува дека и новиот
Механизам за решавање на спорови не е ефикасен. Но сепак треба да ја земеме во
предвид и комплексноста на спорот како и можната политичка или економска
позадина на истиот.
Па така, според нас Механизмот за решавање на спорови на СТО е успешен, во поглед
на многу работи како можноста за обжалување на одлуките на панелот кај
Апелациското тело, постоењето на рокови и сл. Спорот за хормони го гледаме како
исклучок, само поради неговата комплексност. Односно го оправдуваме неговото
одоговлекување бидејќи во него биле вклучени повеќе научни, технолошки,
политички, економски , истражувачки аспекти и сл. Исто така, овој спор започнал во
времето на ГАТТ, а потоа бил префрлен во новиот Механизам за решавање на спорови,
што донекаде можеме да го сметаме и како оправдување за неговата долготрајност. Од
друга страна, панелите биле составувани од личности кои немале никакво знаење во
однос на јавното здравје. Таков бил панелот составен во 1996 год. од еден адвокат и
двајца дипломати.
Битно е да напоменеме дека и покрај долгорочните препирања меѓу САД и ЕУ и
секаков вид на казнувања, одложувања, непочитувања сепак на крајот имаме
позитивна завршница на овој спор, а таа произлегува од добрата воља на двете страни.
Се разбира дека ова не значи дека Механизмот е совршен и дека не му се потребни
одредени подобрувања. Напротив овој спор ни укажува на тоа дека механизмот е
многу подобар од оној на ГАТТ но и дека има простор за негово усовршување. Така
механизмот би можел да ги направи следниве измени:
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
1. При појава на комплексен спор, да се остави подолг временски период за
страните да може да дојдат до цврсти докази.
2. Да се зголеми бројот на експерти од различни области при работата на панелот
со цел да може да се донесе поточна и поправедна одлука.
3. Да се изгради орган што би имал моќ да ги присили страните да ги спроведуваат
донесените одлуки од страна на панелот или Апелациското тело.
4. Да се создаде работна група што ќе прави истражувања за негативните
последици врз вклучените страни во одреден спор, и да ги убедува и води
страните кон меѓусебно договарање и помирување.
Причината поради која сметаме дека овој спор е исклучок, е неговата обемна, а воедно
и сомнителна позадина што ќе се обидеме да ја прикажеме понатаму во овој труд. Исто
така, за да биде целосна разработката на спорот сметаме дека треба да дадеме краток
осврт на размената на говедско месо, а и на производите што биле под санкции за
време на спорот меѓу САД и ЕУ.
4. Трговска размена на говедско месо и други производи меѓу страните
за време на спорот
Соединетите Американски Држави и Европската Унија активно ги штителе своите
пазари за говедско месо. Пред забраната , повеќе од 50 000 тони биле извезувани од
САД во ЕУ годишно, а ЕУ имала увозна квота од 10 000 тони на високо квалитетно
говедско месо. Единаесет проценти од извозот на САД бил наменет за продажба во
Франција и Англија.43
Во 1987, САД извезувале говедско месо во вредност од 145
милиони долари во Европа, а пак Европската унија извезувала такво месо (најчесто
конзервирано) во вредност од 449 милиони долари во САД.44
Од овие податоци
можеме да сфатиме дека иако извозот на САД бил голем сепак тој не е значителен.
43
Devereaux Charan, Lawrence Z. Robert, Watkins D. Michael, Case studies in US Trade negotiation vol. 2,
Peterson Institute for International Economics, Washington DC, 2006, p. 3-4
44
Ibid
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
Всушност, можеме да видиме дека пред забраната Европската унија неприкосновено
доминирала во извозот на говедско месо во Соединетите Американски Држави.
4.1 Извозот на САД во ЕУ
Изгубениот извоз на САД поради забраната за увоз на говедско месо во ЕУ бил
предвиден на околу 100 милиони долари годишно и проценет отприлика еднакво со
реторзивните мерки против извозот на селектирани производи од ЕУ.45
Моментално
извозот на САД не се смета како значаен дел од европскиот пазар на говедско месо.
Поради забраната, расположливиот извоз на месо од САД мора да биде сертифициран
дека не бил третиран со хормони. Тој е предмет на квоти што ја лимитираат вкупната
количина на месо што може да се увезе според преференцијалните царини.
Индустријата за говедско месо на САД тврдела дека доколку забраната не би постоела,
извозот на говедско месо од САД во ЕУ би бил многу поголем.46
Оценувањето на тековните трговски трендови е комплексно поради големите
несовпаѓања меѓу изнесените податоци за извозот на САД и оние за увозот на ЕУ во
однос на говедското месо. Поради загриженост дека податоците за извозот на говедско
месо од САД нема да ги рефлектираат актуелните трговски услови, во овој извештај ќе
се испитуваат расположливите податоци за увозот на говедско месо на ЕУ.
Овие податоци се достапни само од 1999 год. и не овозможуваат целосна евалуација на
последиците од забраната врз извозот на САД во периодот. Овие податоци ни
покажуваат дека увозот на говедско месо во ЕУ од САД е многу мал во периодот од
2000 до 2006 год. во споредба со оној во 1999 год. кој изнесувал просечно 5-6 милиони
долари годишно.(Слика 1). Во овој период извозот на говедското месо од САД опфаќал
помалку од 1% од европскиот пазар на говедско месо. Поголемиот дел од увозот на
говедско месо во ЕУ бил од Бразил, Аргентина, Уругвај и некои други земји.47
45
Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington, 2015, p.
17
46
Ibid
47
Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington, 2015, p.
18
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
Од достапните податоци за извозот на говедско месо од САД, за десетгодишниот
пероид од 1989 до 1998 год. може да се види дека извозот на свежо или замрзнато
говедско месо изнесувал просечно 11-13 милиони долари годишно. Федерацијата за
извоз на месо на САД изјавила дека во 2010 год. извозот на говедско месо од САД во
ЕУ бил проценет на 165 милиони долари.48
Слика 1.Објавениот увоз на ЕУ на говедско месо од САД 1999-2013
Извор: Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington,
2015, p. 18
Податоците за увозот на ЕУ исто така покажуваат дека во изминатите неколку години
извозот на САД се зголемил, особено на свежо и замрзнато говедско и достигнал до
220 милиони долари во 2013-та година. Според истите податоци извозот на САД е
проценет на приближно 15 % од целокупниот увоз на ЕУ на говедско месо, што е
поголем од прoцентот во 2008-та година кога изнесувал само 4%.49
И покрај нецелосната веродостојност на податоците, Федерацијата за извоз на месо на
САД, потврдила дека извозот на САД во ЕУ се зголемил во последните неколку
48
Ibid
49
Ibid
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
години. Тоа се должело на донесената програма за увоз на говедско месо што не е
третирано со хормони.50
Волуменот на пратките за повеќето производи со говедско месо бил ограничен од
таканаречената “Хилтон квота” на ЕУ за високо квалитетно говедско месо - царинска
квота што стапила на сила во 1997 год. и што дозволила фиксиран износ на
свежо/замрзнато говедско месо да се увезе од селектираните земји пред да биде
предмет на повисоки царини. Оваа квота дозволува увоз од Северна Америка
вклучувајкија и Канада, во ЕУ во износ од 11,500 метрички тони со 20% царина.
Моментално ЕУ ја зголемила оваа годишна квота на 45,000 тони за месо што не е
третирано со хормони, за одредени земји вклучувајки ги и САД.51
Испораката на говедско месо од САД во ЕУ се зголемила нагло во последниве години.
Во 2008 год., било пријавено дека 4900 тони говедско месо од САД било
транспортирано во ЕУ во рамките на предходно споменатата квота, што претставува
речиси двојно зголемување во споредба со 2007 год. Во 2009 год. пак, САД
транспортирале 12 000 тони месо во рамките на квотата што претставува уште едно
двојно зголемување од она во 2008 год. Според податоците за увоз на ЕУ, испораката
на говедско од САД во Европските земји била од 16000-17000 тони во периодот од
2011-2013 год. Во моментов како дел од третата фаза на Меморандумот за разбирање
квотата за увоз на говедско месо во ЕУ изнесува 45 000 тони, и сеуште не е
достигната.52
4.2 Увозот на САД од ЕУ
Во 1999 год. поради реторзивните мерки што ги покренал САД против одредени
земјоделски производи од земјите-членки на ЕУ, нивниот увоз во САД значително се
намалил (Слика 2, Табела 1). Табелата го покажува само периодот од 1996 до 2008 год.
50
Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington, 2015, p.
19
51
Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington, 2015, p.
19
52
Ibid
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
бидејќи САД се согласиле да ги суспендираат реторзивните мерки при увозот на
селектираните производи од ЕУ. Тие го направиле тоа во согласност со
потпишувањето на Меморандумот за разбирање .
Севкупно, американскиот увоз на овие производи се намалил од околу 130 милиони
долари во 1997-1998 год, на само 15 милиони долари во 2008 год. 53
Производите што
имале најзначајно намалување при увозот во САД биле месо и производи од риба,
овошни сокови, други овошни и производи од зеленчук, обработена храна, чоколадни
производи, предива и други земјоделски производи. Увозот на некои производи како
рокфор сирењето, сенфот и кафето се намалил но не многу. Во овој период овие
производи од ЕУ и понатаму биле увезувани во САД но се претпоставува дека се
продавале по многу повисоки цени, со оглед на потребата да се покријат зголемените
трошоци за увоз поради повисоките царини.
Слика 2. Увозот на САД на селектирани производи од ЕУ 1996-2008
Извор: Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service,Washington,
2015, p. 22
53
Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington, 2015, p.
21
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
Табела 1. Увоз на САД на селектирани производи од ЕУ 1996-2008 (во милиони $)
Извор: Johnson Renee , The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington,
2015, p. 22
Продукти 1996 1998 2000 2002 2004 2006 2008
Месни производи 16,7 20,9 1,1 0,6 0,5 0,1 0,3
Риба 12,5 8,5 0,6 0,2 0,0 0,2 0,3
Сирење 4,4 4,4 2,1 2,0 3,0 2,4 2,7
Домати 9,6 21,3 0,3 0,3 0,6 0,4 0,3
Овошни сокови 10,0 25,4 0,7 0,7 3,3 0,8 3,5
Други овошја/зел. 7,2 18,3 2,2 0,9 0,7 0,6 0,2
Кафе 4,4 3,8 1,1 1,1 1,2 1,2 1,0
Сенф 5,5 5,3 3,5 3,7 4,5 3,9 3,9
Супи/Чорби 2,3 5,2 1,3 1,3 0,5 0,1 0,0
Тост леб 8,7 7,9 2,1 2,0 2,2 2,1 2,0
Производи од какао 0,4 1,5 0,1 0,2 0,1 0,1 0,1
Непрехрамбени 5,6 7,0 0,5 0,7 0,7 0,1 0,2
Вкупно 87,3 129,5 15,5 13,7 17,3 12,0 14,5
29
Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ]
5. Активности што се одвивале во позадина за време на спорот
За да го потврдиме нашиот став дека овој спор може да се смета како исклучок при
оценувањето на ефикасноста на Механизмот за решавање на спорови ќе се обидеме да
потенцираме неколку според нас неправилни постапки од двете земји, како и да дадеме
краток осврт на некои од работите што се одвивале во позадината на спорот за
хормони. Всушност, целта ни е да ја прикажеме огромната комплексност на спорот,
поради судирот на многубројни интереси, што довела до тоа овој спор да биде еден од
најдолгите и да го прикаже Механизмот за решавање спорови како неуспешен.
Во суштината на спорот лежат фундаментални несогласувања во однос на трговијата
со храна. САД тврделе дека европскиот регулаторен процес бил под влијание на
политиката. Американските претставници биле исфрустрирани од она што го виделе
како политички потег за заштита на пазарот на говедско месо во Европската унија, со
повикување на научно неподдржани тврдења за штетните здравствени ефекти на
хормоните. САД тврделе дека регулирањето на храната треба да се базира на наука, а
не на политика или протекционизам. Европа пак ја бранела својата забрана тврдејќи
дека здравствените проблеми треба да се решат на демократски начин: од
политичарите кои одговараат пред своите гласачи. Било истакнато дека, европските
потрошувачи имаат различни стандарди од американските потрошувачи кога станува
збор за храната. Европските претставници се повикале на „принципот на
претпазливост“ за да го оправдаат својот став со што тие верувале дека имаат право да
постават таква забрана за производи за кои постои сомнеж дека се опасни, но тоа не е
докажано. Европа возвратила дека вистинскиот проблем бил тоа што системот на
американската трговија бил под влијание на индустријата. САД ги влошиле
прекуатланските трговски односи со капитулирање пред барањата на лоби групите на
корпорациите за производство на говедско месо. Односот како кон клиент, меѓу
Дипломски труд Александар Паришев Конечно
Дипломски труд Александар Паришев Конечно
Дипломски труд Александар Паришев Конечно
Дипломски труд Александар Паришев Конечно
Дипломски труд Александар Паришев Конечно
Дипломски труд Александар Паришев Конечно
Дипломски труд Александар Паришев Конечно
Дипломски труд Александар Паришев Конечно

More Related Content

What's hot

Zasteda na energija -проект
Zasteda na energija -проектZasteda na energija -проект
Zasteda na energija -проектNela Najdoska
 
Лектира пајажината на Климентина Билјана Чурлевска Маневска 2016
Лектира пајажината на Климентина Билјана Чурлевска Маневска 2016Лектира пајажината на Климентина Билјана Чурлевска Маневска 2016
Лектира пајажината на Климентина Билјана Чурлевска Маневска 2016Biljana CM
 
работен лист подмет прирок Билјана Чурлевска Маневска
работен лист   подмет прирок Билјана Чурлевска Маневскаработен лист   подмет прирок Билјана Чурлевска Маневска
работен лист подмет прирок Билјана Чурлевска МаневскаBiljana CM
 
методичні рекомендації по проведенню всеукраїнського тижня дитяч
методичні рекомендації по проведенню всеукраїнського тижня дитячметодичні рекомендації по проведенню всеукраїнського тижня дитяч
методичні рекомендації по проведенню всеукраїнського тижня дитячСмілянський відділ освіти
 
SEO Restart 2023: Pavel Ungr - Transformace tvorby a optimalizace obsahu pomo...
SEO Restart 2023: Pavel Ungr - Transformace tvorby a optimalizace obsahu pomo...SEO Restart 2023: Pavel Ungr - Transformace tvorby a optimalizace obsahu pomo...
SEO Restart 2023: Pavel Ungr - Transformace tvorby a optimalizace obsahu pomo...Taste
 
Планирање на настава -Изборен предмет - Сликање, Цртање, Вајарство V - 2 одд...
Планирање на настава -Изборен предмет  - Сликање, Цртање, Вајарство V - 2 одд...Планирање на настава -Изборен предмет  - Сликање, Цртање, Вајарство V - 2 одд...
Планирање на настава -Изборен предмет - Сликање, Цртање, Вајарство V - 2 одд...MerlinaTolevska1
 
Skoplje Prezentacija
Skoplje PrezentacijaSkoplje Prezentacija
Skoplje PrezentacijaNALED Serbia
 
работен лист-пајажината-на-клементина
работен лист-пајажината-на-клементинаработен лист-пајажината-на-клементина
работен лист-пајажината-на-клементинаVioletka Spasevska
 
Пајажината на Климентина
Пајажината на КлиментинаПајажината на Климентина
Пајажината на КлиментинаDarko902
 
Доктор офболи
Доктор офболиДоктор офболи
Доктор офболиZivko Petrovski
 
Лексичко значење на зборовите
Лексичко значење на зборовитеЛексичко значење на зборовите
Лексичко значење на зборовитеMarija Piskacheva
 
работен лист придавки и именки BiljanaCM
работен лист придавки и именки BiljanaCMработен лист придавки и именки BiljanaCM
работен лист придавки и именки BiljanaCMBiljana CM
 
RightBrain 기업 UX 교육 소개
RightBrain 기업 UX 교육 소개RightBrain 기업 UX 교육 소개
RightBrain 기업 UX 교육 소개RightBrain inc.
 
UX Discovery_Metaverse_RightBrain_Seminar
UX Discovery_Metaverse_RightBrain_SeminarUX Discovery_Metaverse_RightBrain_Seminar
UX Discovery_Metaverse_RightBrain_SeminarRightBrain inc.
 
електрична енергија и заштеда (1) 1
електрична енергија и заштеда (1) 1електрична енергија и заштеда (1) 1
електрична енергија и заштеда (1) 1Georgina Dimova
 
контролен тест мак.
контролен тест мак.контролен тест мак.
контролен тест мак.Petre Petre
 

What's hot (20)

Zasteda na energija -проект
Zasteda na energija -проектZasteda na energija -проект
Zasteda na energija -проект
 
Лектира пајажината на Климентина Билјана Чурлевска Маневска 2016
Лектира пајажината на Климентина Билјана Чурлевска Маневска 2016Лектира пајажината на Климентина Билјана Чурлевска Маневска 2016
Лектира пајажината на Климентина Билјана Чурлевска Маневска 2016
 
Категории кај именките
Категории кај именкитеКатегории кај именките
Категории кај именките
 
работен лист подмет прирок Билјана Чурлевска Маневска
работен лист   подмет прирок Билјана Чурлевска Маневскаработен лист   подмет прирок Билјана Чурлевска Маневска
работен лист подмет прирок Билјана Чурлевска Маневска
 
методичні рекомендації по проведенню всеукраїнського тижня дитяч
методичні рекомендації по проведенню всеукраїнського тижня дитячметодичні рекомендації по проведенню всеукраїнського тижня дитяч
методичні рекомендації по проведенню всеукраїнського тижня дитяч
 
SEO Restart 2023: Pavel Ungr - Transformace tvorby a optimalizace obsahu pomo...
SEO Restart 2023: Pavel Ungr - Transformace tvorby a optimalizace obsahu pomo...SEO Restart 2023: Pavel Ungr - Transformace tvorby a optimalizace obsahu pomo...
SEO Restart 2023: Pavel Ungr - Transformace tvorby a optimalizace obsahu pomo...
 
Планирање на настава -Изборен предмет - Сликање, Цртање, Вајарство V - 2 одд...
Планирање на настава -Изборен предмет  - Сликање, Цртање, Вајарство V - 2 одд...Планирање на настава -Изборен предмет  - Сликање, Цртање, Вајарство V - 2 одд...
Планирање на настава -Изборен предмет - Сликање, Цртање, Вајарство V - 2 одд...
 
Tehniki na ucenje
Tehniki na ucenjeTehniki na ucenje
Tehniki na ucenje
 
Skoplje Prezentacija
Skoplje PrezentacijaSkoplje Prezentacija
Skoplje Prezentacija
 
работен лист-пајажината-на-клементина
работен лист-пајажината-на-клементинаработен лист-пајажината-на-клементина
работен лист-пајажината-на-клементина
 
Пајажината на Климентина
Пајажината на КлиментинаПајажината на Климентина
Пајажината на Климентина
 
Доктор офболи
Доктор офболиДоктор офболи
Доктор офболи
 
Лексичко значење на зборовите
Лексичко значење на зборовитеЛексичко значење на зборовите
Лексичко значење на зборовите
 
работен лист придавки и именки BiljanaCM
работен лист придавки и именки BiljanaCMработен лист придавки и именки BiljanaCM
работен лист придавки и именки BiljanaCM
 
Dažādības vadība - nākotnes potenciāls
Dažādības vadība - nākotnes potenciālsDažādības vadība - nākotnes potenciāls
Dažādības vadība - nākotnes potenciāls
 
RightBrain 기업 UX 교육 소개
RightBrain 기업 UX 교육 소개RightBrain 기업 UX 교육 소개
RightBrain 기업 UX 교육 소개
 
UX Discovery_Metaverse_RightBrain_Seminar
UX Discovery_Metaverse_RightBrain_SeminarUX Discovery_Metaverse_RightBrain_Seminar
UX Discovery_Metaverse_RightBrain_Seminar
 
електрична енергија и заштеда (1) 1
електрична енергија и заштеда (1) 1електрична енергија и заштеда (1) 1
електрична енергија и заштеда (1) 1
 
контролен тест мак.
контролен тест мак.контролен тест мак.
контролен тест мак.
 
«КОРИФЕЇ УКРАЇНСЬКОГО ТЕАТРУ»
«КОРИФЕЇ УКРАЇНСЬКОГО ТЕАТРУ»«КОРИФЕЇ УКРАЇНСЬКОГО ТЕАТРУ»
«КОРИФЕЇ УКРАЇНСЬКОГО ТЕАТРУ»
 

Viewers also liked

Дипломска работа
Дипломска работаДипломска работа
Дипломска работаUsamedin Nuhiji
 
Menaxment na mal biznis
Menaxment na mal biznisMenaxment na mal biznis
Menaxment na mal biznisBlagica1987
 
Благица_Ангелеска-Магистерски труд
Благица_Ангелеска-Магистерски трудБлагица_Ангелеска-Магистерски труд
Благица_Ангелеска-Магистерски трудblak4e
 
Политики на Министерството за економија за развој на претприемаштвото, конкур...
Политики на Министерството за економија за развој на претприемаштвото, конкур...Политики на Министерството за економија за развој на претприемаштвото, конкур...
Политики на Министерството за економија за развој на претприемаштвото, конкур...Anastasov Kirco
 
Драфт структура на стратегијата за претприемачко учење
Драфт структура на стратегијата за претприемачко учењеДрафт структура на стратегијата за претприемачко учење
Драфт структура на стратегијата за претприемачко учењеDragan Sutevski
 
Спроведени истражувања за стратегија за претприемачко учење
Спроведени истражувања за стратегија за претприемачко учењеСпроведени истражувања за стратегија за претприемачко учење
Спроведени истражувања за стратегија за претприемачко учењеDragan Sutevski
 
Препораки за стратегија за претприемачко учење
Препораки за стратегија за претприемачко учењеПрепораки за стратегија за претприемачко учење
Препораки за стратегија за претприемачко учењеDragan Sutevski
 
Можности за подршка на мали и средни претпријатија
Можности за подршка на мали и средни претпријатијаМожности за подршка на мали и средни претпријатија
Можности за подршка на мали и средни претпријатијаAnastasov Kirco
 
проектна задача физика мијак
проектна задача физика мијакпроектна задача физика мијак
проектна задача физика мијакСтефан Мијак
 

Viewers also liked (12)

Дипломска работа
Дипломска работаДипломска работа
Дипломска работа
 
Menaxment na mal biznis
Menaxment na mal biznisMenaxment na mal biznis
Menaxment na mal biznis
 
Дијамант | DIjamant | Diamond
Дијамант | DIjamant | DiamondДијамант | DIjamant | Diamond
Дијамант | DIjamant | Diamond
 
Благица_Ангелеска-Магистерски труд
Благица_Ангелеска-Магистерски трудБлагица_Ангелеска-Магистерски труд
Благица_Ангелеска-Магистерски труд
 
Политики на Министерството за економија за развој на претприемаштвото, конкур...
Политики на Министерството за економија за развој на претприемаштвото, конкур...Политики на Министерството за економија за развој на претприемаштвото, конкур...
Политики на Министерството за економија за развој на претприемаштвото, конкур...
 
Драфт структура на стратегијата за претприемачко учење
Драфт структура на стратегијата за претприемачко учењеДрафт структура на стратегијата за претприемачко учење
Драфт структура на стратегијата за претприемачко учење
 
Спроведени истражувања за стратегија за претприемачко учење
Спроведени истражувања за стратегија за претприемачко учењеСпроведени истражувања за стратегија за претприемачко учење
Спроведени истражувања за стратегија за претприемачко учење
 
Препораки за стратегија за претприемачко учење
Препораки за стратегија за претприемачко учењеПрепораки за стратегија за претприемачко учење
Препораки за стратегија за претприемачко учење
 
Можности за подршка на мали и средни претпријатија
Можности за подршка на мали и средни претпријатијаМожности за подршка на мали и средни претпријатија
Можности за подршка на мали и средни претпријатија
 
E trgovija
E  trgovijaE  trgovija
E trgovija
 
Рентген | Rentgen | X-ray generator
Рентген | Rentgen | X-ray generatorРентген | Rentgen | X-ray generator
Рентген | Rentgen | X-ray generator
 
проектна задача физика мијак
проектна задача физика мијакпроектна задача физика мијак
проектна задача физика мијак
 

Дипломски труд Александар Паришев Конечно

  • 1. Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Eкономски факултет - Скопје Дипломска работа по предметот Мултилатерален трговски систем на тема : Спор за говедско месо третирано со хормони меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави Ментор: Изработил: доцент. д-р. Катерина Тошевска-Трпчевска Александар Паришев Скопје, Октомври, 2015
  • 2. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] Содржина: Вовед 1. Решавање спорови според Општата спогодба за царини и трговија –ГАТТ.........5 2. Решавање спорови во Светската трговска организација..........................................7 3. Спор за говедско месо третирано со хормони .......................................................11 3.1. Хронологија на спорот........................................................................................13 4. Трговска размена на говедско месо и други производи меѓу страните за време на спорот..........................................................................................................................22 4.1. Извозот на САД во ЕУ........................................................................................23 4.2. Увозот на САД од ЕУ.........................................................................................25 5. Активности што се одвивале во позадина за време на спорот..............................27 Заклучок Користена литература
  • 3. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] Вовед Трговијата со храна и земјоделски производи често била камен на сопнување меѓу Соединетите Американски Држави и Европската унија. Како резултат на тоа, земјоделството било исклучено од преговарачката маса во првите седум рунди на ГАТТ и било изземено од дисциплините што се применувале за индустриските производи. Разликата меѓу САД и ЕУ произлегува од нивните земјоделски политики. Глобално економскиот раст бил силен од 50-те до 70-те години од минатиот век, но земјоделството било исклучок од овој тренд. Имено, земјоделството имало пад на учеството во целокопната трговска размена од 34 % во 1950 год. на 14 % во 1976 год.. Истовремено опаѓачките цени значеле и помали приходи за земјоделците.1 Како одоговор на тоа владите на САД и Европската унија, сакале да ги поддржат земјоделските цени и приходи. Во Европската унија тоа се направило со носење на Заедничката земјоделска политика - Common Agricultural policy (CAP) во 1962 год. Со неа се контролирале цените, но не и производството па затоа се појавиле вишоци на земјоделски производи. За да се намалат вишоците Европската комисија вовела субвенции за фармерите што би им помогнале да ги продаваат своите производи на интернационалните пазари но без загуба. Во САД, исто така, имало подршка на цените и субвенции за фармерите, но во 70-те години тие се намалиле. Имено значајната конкурентска предност на земјоделските производи од САД, што и овозможила на оваа земја силна позиција во извозот често се препишувала на различните индустриски методи користени во земјоделството. Тие методи значително ги намалувале трошоците за производство. Така САД се фокусиралe на извозот на земјоделски производи и почнале да се залагаат за слободна трговија со земјоделски производи.2 1 Devereaux Charan, Lawrence Z. Robert, Watkins D. Michael, Case studies in US Trade negotiation vol. 2, Peterson Institute for International Economics, Washington DC, 2006, p. 33 2 Devereaux Charan, Lawrence Z. Robert, Watkins D. Michael, Case studies in US Trade negotiation vol. 2, Peterson Institute for International Economics, Washington DC, 2006, p. 33-34
  • 4. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] Важноста на трговијата со земјоделски производи меѓу земјите, обидите да се подобри земјоделскиот сектор и водењето различни трговски политики довело до појава на еден од најпознатите спорови во историјата на мултилатералниот трговски систем. Имено САД и ЕУ се вклучени во долгогодишен и остар спор поради одлуката на Европската унија да го забрани увозот на говедското месо третирано со хормони. Покрај тековните серии на преговори, постапки и одлуки за решавање на спорот од Светската трговска организација, постои континуирано несогласување помеѓу овие две земји за голем број правни и процедурални прашања, како и за научни докази и консензус во врска со безбедноста на месото третирано со хормони. Денес, Европската унија и понатаму го забранува увозот на ова месо и ја ограничува количината на увозот на високо квалитетно говедско месо што мора да биде сертифицирано дека е произведено без хормони.3 Спорот за хормони се појавил кога САД се обидувале да го намалат влијанието на земјоделската поддршка и субвенции што се применувале надвор од нивните граници. Всушност тие со пронаоѓањето на нови технолошки изуми и индустриски методи што би требало да се применуваат во земјоделството и што би ги намалиле трошоците, сакале да го анулираат ефектот на земјоделската поддршка и субвенции во Европската унија. Со други зборови целта им била да остварат поголема конкурентска предност, чекор што би донел придобивки за земјоделската индустрија во САД. Несогласувањата во однос на земјоделската политика и различните ставови на најголемите трговски сили се поттикнувачките идеи за изработка на овој дипломски труд. Во трудот најпрво ќе се зборува за тоа како се решавале споровите во времето на стариот ГАТТ-1947, а потоа ќе биде прикажан новиот Механизам за решавање на спорови на Светската трговска организација што на некој начин е наследник на стариот но со одредени подобрувања. Фокусот на овој труд ќе биде Спорот за говедско месо третирано со хормони меѓу Соединетите Американски Држави и Европската унија. Тој ќе биде прикажан на еден концизен начин при што ќе бидат издвоени најважните случувања. Ќе се обидеме да ги прикажеме ефектите што ги имал спорот врз размената меѓу вклучените страни, разните индустрии, бизниси, а воедно и врз самиот Механизам за решавање на спорови. Исто така, ќе се обидеме да ја разработиме 3 Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington, 2015, p. 1
  • 5. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] и неговата позадина, со цел да воочиме што навистина се случува кога ќе се судрат интересите на најмоќните земји. 1. Решавање спорови според Општата спогодба за царини и трговија-ГАТТ од 1947 година Во меѓународното право постојат два пристапи. Според првиот, прифатените меѓународни обврски се супериорни во поглед на домашното право и државите се должни во целина да ги почитуваат. Сепак, понекогаш може да има непочитување на некои конвенции и резолуции донесени од страна на Генералното собрание на ООН, Советот за безбедност, другите тела, органи и специјализирани агенции на ООН. Овој проблем произлегува од судирот меѓу суверенитетот на државите членки и неговото делегирање при зачленувањето во некоја меѓународна организација, односно при потпишувањето на некоја меѓународна конвенција или спогодба. Вториот пристап дава приоритет на домашното право, и според него, и покрај тоа што државата прифатила одредени меѓународни обврски и правила за регулирање на определна област, нејзините субјекти не се должни да ги почитуваат, доколку тие не се инкорпорирани во домашното право.4 При тоа домашното законодавство може да даде свое толкување на погоре споменатите конвенции, спогодби и сл. Поради ова постои можност за различно толкување на обврските што произлегуваат од овие меѓународни инструменти така што доаѓа до појава на спорови меѓу државите членки. Општата спогодба за царини и трговија-ГАТТ ја предвидела можната појава на овие недоразбирања, и за нивно решавање бил усвоен методот на дипломатски консултации. Тука треба се спомне членот XXIII што претставува општа одредба што повикува на „благонаклонето одлучување“ и консултации во врска со се што подразбира примена на Спогодбата.5 Тој создал посебен механизам за да се избегне „ништовност и неприменливост “ на спогодбата ГАТТ. Тоа би можело да се случи доколку: 4 Јолевски Зоран, Светскиот трговски систем, Матица, Скопје, 2006, стр.257 5 Мацушита Мицуо, Шонбаум Џ. Томас , Мавроидис Ц. Петрос, Светска трговска организација-Право, Практика и Политика, Просветно дело, Скопје, 2009, стр. 105
  • 6. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] 1. Конкретна договорна страна не успее да ги исполни обврските преземени со ГАТТ; 2. Една договорна страна примени определена мерка против друга договорна страна, независно дали таква мерка е во спротивност со ГАТТ; 3. Се случи каква било друга „ситуација“ што е проблематична.6 На почетокот споровите се решавале преку дипломатски преговори, што претставувало единственото средство за решавање спорови. Подоцна биле формирани таканаречени работни групи што требало да спроведуваат истраги и да формулираат препораки. Тие биле составени од претставници од разни земји-членки што работеле под инструкции на сопствените влади, но тоа се променило во 1955 год. кога договорните страни ги доверувале споровите на таканаречени панели што биле составени од неутрални експерти. Иако овие панели немале никаква правна сила сепак ГАТТ ги земал во предвид нивните извештаи. Тие се применувале се почесто и се покажале како успешни па така се јавила потребата да се формализираат. Во таа насока се развила серија на спогодби и разбирања за решавање спорови како додаток на членот XXIII. Панелите почнале да се трансформираат во квазисудски институции со строго дефинирани правила. Странките почнале се почесто да се повикуваат на членот XXIII за да ги заштитат своите права според ГАТТ. Одлуките на панелите почнале да се почитуваат, а државите се почесто да ги спроведуваат.7 Но и покрај целиот овој успех на панел-системот на ГАТТ тој имал свои недостатоци што се одразувале на неговата ефикасност. Такви биле: одложувања во формирањето на панелите, и работата на панелот, одложувања на спроведувањето на одлуките и сл. Процедурите во стариот ГАТТ немале дефинирани временски рокови за спроведувањето на споровите, донесувањето на одлуките можело лесно да биде блокирано и на тој начин многу трговски спорови да бидат одолговлекувани и никогаш да не бидат завршени или спроведени.8 Дури и антидампишките спорови во времето на ГАТТ не можеле да се завршат со децении па и тогаш кога ќе биле завршени, одлуките 6 Мацушита Мицуо, Шонбаум Џ. Томас , Мавроидис Ц. Петрос, Светска трговска организација-Право, Практика и Политика, Просветно дело, Скопје, 2009, стр. 105 7 Мацушита Мицуо, Шонбаум Џ. Томас , Мавроидис Ц. Петрос, Светска трговска организација-Право, Практика и Политика, Просветно дело, Скопје, 2009, стр. 107 8 Тошевска Катерина, Решавање трговски спорови во рамките на СТО-некои примери од надворешнотрговската размена на Европската унија, Годишник на економскиот факултет-Скопје, 2006, стр.515
  • 7. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] на меѓународните арбитражи не биле спроведувани.9 На сите овие нешта им било обрнато посебно внимание во новиот систем за решавање спорови што бил прифатен од Светската трговска организација. 2. Решавање спорови во Светската трговска организација Механизмот за решавање трговски спорови е една од најзначајните придобивки од Уругвајската рунда на преговори. Тој стапил на сила на 1 Јануари 1995 год. и станал најважниот меѓународен трибунал што според начинот на функционирање многу наликува на меѓународен трговски суд. Тоа е така бидејќи според него: постојат задолжителни правила, одлуките се носат врз основа на нив, тие се задолжителни за страните и доколку страните не ги спроведат одлуките, можни се санкции. Од политичка гледна точка, целта на новиот систем е да понуди фер и еднакви можности за сите членки.10 Односно послабите или понеразвиените земји можат да се жалат против развиените т.е. силните земји и обратно. Двете страни добиваат еднаков третман без разлика на нивната политичка и економска моќ. Со други зборови моќната политика е неутрализирана за разлика од времето на ГАТТ. Овој систем бил изграден врз основа на предходниот режим на ГАТТ, односно после неколку децениска еволуција на системот за решавање на спорови на ГАТТ. Документот со кој бил воспоставен е „ Договор за правилата и постапките за решавање на спорови“ усвоен на Уругвајската рунда.11 Овој документ е клучен инструмент што ги дефинира правилата и процедурите за решавање на споровите што произлегуваат од одредбите што се содржани во : 1. Спогодбата за основање на СТО; 2. Мултилатералните трговски спогодби; -Мултилатералните спогодби за трговија со стоки; 9 Кикеркова Ирена, Надворешна трговија, Економски факултет, Скопје, 2008, стр. 116 10 Бејн Николас и Вулкок Стивен, Нова економска дипломатија-Донесување одлуки и преговарање во меѓународните економски односи, Нампрес, Скопје, 2007 , стр.329 11 Мацушита Мицуо, Шонбаум Џ. Томас , Мавроидис Ц. Петрос, Светска трговска организација-Право, Практика и Политика, Просветно дело, Скопје, 2009, стр. 108
  • 8. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] -Општата спогодба за трговијата со услуги; -Спогодбата за трговските аспекти на правата од индустриска сопственост. 3. Плурилатералните трговски спогодби: -Спогодба за трговија со цивилни воздухоплови; -Спогодба за државни набавки.12 Исто така, постојат и специјални, односно дополнителни правила и процедури што имаат приоритет при решавањето на споровите во однос на процедурата предвидена во „ Договор за правилата и постапките за решавање на спорови “. Тие се наоѓаат во: 1. Спогодбата за примена на санитарните и фитосанитарните мерки ; 2. Спогодбата за техничките бариери во трговијата; 3. Спогодбата за примена на членот VI од ГАТТ 1994; 4. Спогодбата за имплементација на членот VII од ГАТТ 1994; 5. Спогодбата за субвенции и компензаторни мерки; 6. Општа спогодба за трговија со услуги; 7. Одлуката за определени процедури за решавање на спорови за ГАТС.13 Постои Тело за решавање на спорови (ТРС), кое во основа е Генералниот Совет, чии задачи се воспоставување на панели, усвојување на извештаите на панелот и на Апелацискиот орган, вршење надзор при спроведувањето на одлуките и препораките од страна на земјите, како и давање овластувања за суспензија на отстапки и преземање реторзивни мерки во случаите кога земјата што го загубила спорот не ги презема препораките за нејзино приспособување.14 Постапката за решавање спорови, според регулативата на СТО, подразбира преземање прецизни процедури со кои се решаваат жалби поднесени од која било членка на СТО, 12 Јолевски Зоран, Светскиот трговски систем, Матица, Скопје, 2006 стр.260 13 Јолевски Зоран, Светскиот трговски систем, Матица, Скопје, 2006 стр.260 14 Мацушита Мицуо, Шонбаум Џ. Томас , Мавроидис Ц. Петрос, Светска трговска организација-Право, Практика и Политика, Просветно дело, Скопје, 2009, стр. 108
  • 9. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] во случаи кога други членки на СТО ги прекршиле правилата за слободна трговија. Цел на оваа постапка е да се одбегне каква било конфронтација на билатерална основа, што би можела да резултира со преземање на реторзивни (повратни) мерки за другата страна.15 Во новиот механизам постојат три начини за решавање на несогласувањата меѓу членките и тоа: 1. Преку водење на заемни консултации - Земјите треба да се консултираат со цел да се реши проблемот но доколку во рок од 60 дена не е постигнато прифатливо решение тогаш земјата-тужител може да побара формирање на панел. Резултатите од консултациите што иако биле неуспешни сепак треба да се достават до Телото за решавање на спорови. 2. Преку услуги на добра воља, помирување и посредување - Овие услуги се можни во текот на целиот процес. 3. Преку основање на панел што треба да донесе решение на спорот. Панелот треба да биде формиран од 3 до 5 експерти номинирани од списокот и од страна на Секретаријатот. Членките можат од време на време да побараат да бидат додадени нови квалификувани експерти во споменатиот список. Панелистите треба да бидат квалификувани владини или невладини лица.16 Постапката за покренување трговски спор започнува со тоа што барањето за решавање на некој трговски спор треба да биде поднесено од определена земја-членка Покренувањето на тужбата треба да покаже дека дошло до намалување или губење на погодностите на земјата што тужи заради активности преземени од страна на тужената земја, при што се можни: прекршување на одредбите од договорите, непрекршување на одредбите, и било која друга ситуација што довела до намалување или губење на погодностите.17 Како најзначајна промена на Механизмот за решавање на спорови, се смета воспоставувањето рокови што мора да се почитуваат, и тоа при: решавањето на 15 Секуловска-Габер Билјана, Меѓународни организации и интеграции, Економски факултет, Скопје, 2003, Стр.113 16 Trebilcock J. Michael, Howse Robert, The Regulation of International Trade, Routledge, Oxon and New York, 2005, p. 124 17 Hoekman B. and Kostecki M., The Political Economy of the World Trading System, The WTО and Beyond, Oxford University Press, New York, 2009, pp. 87-88
  • 10. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] спорови, усвојувањето на извештаите и препораките на панелот, и усвојувањето на извештаите и одлуките на Апелациското тело.18 Па така, при појава на спор меѓу државите членки, во денешни услови, според „Договор за правилата и постапките за решавање на спорови “ треба да се почитуваат следниве рокови: Табела бр. 1 Рокови за решавање трговски спорови во СТО 60 дена Консултации посредување и сл. 45 дена Основање на панелот, и именување панелисти 6 месеци Извештај на панелот 3 недели Дистрибуција на Извештајот до сите членки на СТО 60 дена ТРС го усвојува Извештајот (ако нема жалба) Вкупно = 1 година (Без жалба до Апелациското тело) 60-90 дена Извештај на Апелациското тело 30 дена ТРС го усвојува Извештајот Вкупно = 1 година и 3 месеци (Доколку има жалба) Извор: WTO, Trading into the Future, Geneva, 1997, p. 32 Како што можеме да видиме новитет во новиот Механизам за решавање на спорови, покрај Телото за решавање на спорови, е и постоењето на Апелациското тело. Кај него страните можат да ги обжалат одлуките на панелот, доколку сметаат дека тие се неправилни. Апелациското тело , по разгледувањето на сите околности на спорот, го објавува својот извештај што ги содржи неговите одлуки што се конечни и што страните треба да ги применат без одлагање. Како слабост на Механизмот, во овој дел од спорот, може да кажеме дека е непостоењето на орган што би ги присилил или казнил страните што одбиваат да ги спроведат одлуките. Накратко можеме да заклучиме дека стариот систем за решавање на спорови (односно оној на ГАТТ), се разликува од новиот механизам за решавање на спорови (оној на СТО) според неколку нешта. Имено, основната разлика е тоа што со новиот механизам не може да се оневозможи основањето на панелот или да не се прифати неговиот извештај, освен со негативен консензус. Ова претставувало слабост на системот на ГАТТ. Исто така, автоматизмот на спроведување на процесот на панелот без оглед на мислењата на страните во спорот, како и постоењето на Апелациското тело каде земјите може да обжалуваат, претставуваат најзначајните измени на новиот механизам. 18 Јолевски Зоран, Светскиот трговски систем, Матица, Скопје, 2006 стр.261
  • 11. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] Тука е битно да се напомене дека во ГАТТ споровите траеле дури и по 20 години, што не е случај во СТО каде еден спор просечно трае до 2 години.19 Тоа е резултат на претходно споменатите рокови што биле воведени и чиешто почитување е неизбежно. Новиот механизам на СТО за решавање трговски спорови постигнал поголема дисциплина и транспарентност во временското спроведување на трговските спорови и во донесувањето на крајните одлуки, но определена доза на неизвесност постоела во спроведувањето на донесените одлуки.20 Со други зборови, Механизмот за решавање трговски спорови во СТО претставува централен елемент во обезбедувањето сигурност и предвидливост на мултилатералниот трговски систем. Ефективното спроведување на преземените обврски во мултилатералниот трговски систем е предуслов за негово успешно функционирање. Ефикасноста на Механизмот за решавање на спорови во СТО зависи од одговорноста на поединечните земји-членки во спроведувањето на одлуките и следењето на нивната примена, а не од страна на Секретаријатот или друг орган на СТО. Механизмот за решавање спорови може да се смета за неефикасен ако се земе предвид спорот за говедско месо третирано со хормони, бидејќи нема начин да се справи со случаите кога членките одбиваат да ги усогласат сопствените трговски политики со одредбите на СТО. Тоа било така во овој случај, бидејќи и двете страни непрекинато си поставувале одредени правни замки, алудирајќи на разни членови од спогодбите, се со цел да остварат одредена предност наместо на направат определени приспособувања со цел решавање на спорот. Преку овој случај се гледа дека Механизмот не може да ги присили земјите да ги почитуваат донесените одлуки. Во овој труд, кој се однесува токму на Спорот за хормони, ќе го разгледаме спорот детално, вклучувајќи ги сите околности и случувања при што ќе се обидеме да дадеме одговор за тоа дали Механизмот е навистина неефикасен или пак овој спор има одредена позадина поради која страните не можеле да го решат со што можеме да го сметаме како исклучок. 19 Hoekman B. and Kostecki M., The Political Economy of the World Trading System, The WTО and Beyond, Oxford University Press, New York, 2009, p. 87-88 20 Тошевска Катерина, Решавање трговски спорови во рамките на СТО-некои примери од надворешнотрговската размена на Европската унија, Годишник на економскиот факултет-Скопје, 2006 год., стр. 516
  • 12. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] 3. Спор за говедско месо третирано со хормони Како претходница на овој спор можеме да го сметаме текот на неколку настани што се случиле пред неговото создавање. Како што објаснивме претходно, САД и Европската унија воделе различна трговска политика со цел да го подобрат земјоделството и трговијата со земјоделски производи. Како прво, САД пробувале да се здобијат со конкурентска предност на пазарот, преку изнаоѓање нови начини, методи и техники, применливи во земјоделството, што би довеле до намалување на производствените трошоци. За прв пат во педесетите години од минатиот век, бил пронајден и употребуван првиот хормон за раст на животните, диетилстилбестрол ДЕС (diethylstilbestrol, DES). По само неколку годишна употреба на овој хормон за третирање на животните за прехрана, се покажало дека тој е штетен за здравјето на луѓето, односно канцероген. Но, на САД им биле потребни приближно две децении, до крајот на седумдесетите години, за да ја забрани употребата на овој хормон.21 Од друга страна пак, во истиот период во Италија се дошло до едно вознемирувачко сознание. Имено, во едно училиште на неколку десетици момчиња им се развиле гради, а пак на исто толкав број девојчиња, на возраст од 5-6 години, им се појавиле првите знаци на пубертет. Дури имало и случај каде едно осум годишно девојче било развиено како возрасна жена. По спроведеното истражување се докажало дека тие симптоми биле предизвикани од високо ниво на присуство на женскиот хормон естроген во организмот на пациентите, но не можело да се открие од каде. Некои научници кажале дека причината за тоа би можела да биде неконтролираната исхрана со говедско месо што се служело во мензата на училиштето. Всушност, тие укажале дека учениците преку тоа месо конзумирале неметаболизиран естроген, што бил резултат на неправилно поставен хормонски имплант во животното. Така на пример, 21 Devereaux Charan, Lawrence Z. Robert, Watkins D. Michael, Case studies in US Trade negotiation vol. 2, Peterson Institute for International Economics, Washington DC, 2006, p. 35-36
  • 13. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] ако некој сточар го поставил имплантот во вратот на животното, наместо позади увото, месото што би излегло од вратот би содржало голема количина на хормони.22 Набрзо по овој немил настан било откриено дека 30,000 теглички на бебешка храна го содржеле хормонот ДЕС. Сето ова можеби се случувало бидејќи сточарите во САД и понатаму го употребувале овој хормон, покрај забраната, бидејќи тој давал најефикасни резултати. Но ова не би можеле да го потврдиме бидејќи во тоа време употребата на хормони била дозволена и во некои европски земји, што би можеле да го извезуваат споменатото месо во Италија. Поради сите овие случувања како и стравот од болеста луди крави, што се појавила во Европа, свесноста за храната кај европските потрошувачи се подигнала на повисоко ниво. Европските потрошувачи почнале да внимаваат и на зголемената употреба на хормони за развој на добитокот за што сметале дека е опасна по здравјето на луѓето. Оттаму овие хормони се употребувале во САД, а во повеќето од земјите на Европската унија била забранета примената на хормони во одгледувањето на добитокот, но сепак во некои земји се уште се применувале хормоните. Бидејќи во овој период се одвивале подготовките за формирање на единствениот пазар меѓу европските земји, што покрај останатите обврски, подразбирал и усогласување на сите технички стандарди, стандарди за квалитет и сите останати стандарди меѓу земјите.23 Па така, по долги дискусии во 1987 год. била донесена Директивата за хормони што стапила на сила во 1989 год. Со оваа директива Унијата забранила секаква употреба на кои било хормони, како и увоз на животни и месо од животни третирани со хормони. Со воведувањето на оваа директива се појавиле првите бранувања на меѓународната трговска сцена. Тоа било така бидејќи САД претрпеле штети со тоа што го загубиле европскиот пазар. Поради обемноста на спорот сметаме дека најдобро е да го прикажеме хронолошки, со извлекување на најзначајните поенти, со цел да се добие јасна претстава за тоа што навистина се случувало. 22 Devereaux Charan, Lawrence Z. Robert, Watkins D. Michael, Case studies in US Trade negotiation vol. 2, Peterson Institute for International Economics, Washington DC, 2006, p. 38 23 Тошевска Катерина, Либерализација на меѓународната трговска размена помеѓу Европската унија и Светската трговска организација, магистерски труд, Економски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, 2006, стр. 191-192
  • 14. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] 3.1 Хронологија на спорот 1981-1988 Европската комисија воспоставила серија на рестрикции за сточарското производство со што ја ограничила употребата на хормони за терапевтски цели, забранила употреба на синтетички хормони, и забранила увоз на животни и месо од животни што биле третирани со хормони.24 Во периодот од 1986-1987 година, САД ја обжалиле оваа забрана пред Комитетот за технички бариери во трговијата, и се повикале на решавање на спорот според кодот за стандарди на старата ГАТТ спогодба. Европската унија го одложила воспоставувањето на забраната до 1 jануари 1989 год. Кон крајот на 1987 год., претседателот Реган изјавил дека го одложил воспоставувањето на реторзивните мерки на околу 100 милиони долари од вредноста на увозот на ЕУ.25 Всушност, на некој начин и двете страни оставиле простор за да можат да најдат друго решение. Во овој период разни научни осврти биле започнати, вклучувајќи студии од: Европската комисија, Комитетот на здружени експерти за прехрамбени адитиви на Светската здравствена организација и на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (Joint FAO/WHO Expert Committee on Food Additives - JECFA), Комитетот за ветеринарни лекови на Регулаторната комисија за Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius), како и Американската агенција за храна и лекови и слични институции во други земји. 1989 ЕУ целосно ја спровела забраната за увоз на месо и производи од месо од животни третирани со шест хормони за раст, од кои три се природно настанати: естрадиол 17β, прогестерон и тестостерон, а другите три се синтетички: зеранол, тренболон и меленгестрол.26 Овие шест хормони биле одобрени за употреба во САД. Забраната на 24 Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington , 2015, p. 30 25 Ibid 26 Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington , 2015, p. 30
  • 15. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] ЕУ значајно го намалила извозот од САД на говедско месо во Европската унија. САД, покренале реторзивни мерки во износ од 100% ad valorem царина за увозот од ЕУ во вредност од 93 милиони долари, што биле на сила до мај 1996 год. кога ЕУ побарала воспоставување на панел во СТО против овие мерки на САД.27 1995 Спогодбата за санитарни и фитосанитарни мерки стапила на сила. Одлучено е дека максималните дозволени граници за природните хормони не се потребни и се усвојиле граници за два од синтетичките хормони.28 1996 Европската унија гласала за задржување на забраната. САД барале воспоставување на панел во СТО за решавање на спорот со ЕУ, при што тврделе дека забраната не била во согласност со обврските на ЕУ кон СТО. Австралија, Канада и Нов Зеланд им се придружиле на САД во тужбата. Европската Комисија издала нова директива ЕЦ 96/22 со која се отповикале директивите од 1981 и 1989 година, и се потврдила и продолжила забраната. Директивата стапила на сила на 1 јули 1997 год. 1997 Панелот за решавање спорови го издал својот извештај, во кој пресудил дека забраната на ЕУ за употреба на хормони за раст на говедата е неконзистентна со обврските што произлегуваат од СПС спогодбата (поточно член 3.1, 5.1, и 5.5), со тоа што забраната не била базирана на научни истражувања или на соодветна проценка на ризик или соодветните меѓународни стандарди. ЕУ поднела жалба за одлуката на панелот, а воедно и иницирала серија на научни истражувања за овие шест хормони. 1998 Апелациското тело ја потврдило одлуката на панелот но отфрлило некои од неговите наоди. Апелациското тело одлучило дека Европската унија не докажала научно дека хормоните за кои станува збор предизвикуваат појава на рак кај потрошувачите. Телото потврдило дека земјите можат да усвојат построги стандарди ако се поддржани со соодветна проценка на ризик.Тоа утврдило дека забраната на Европската унија не 27 Ibid 28 Ibid
  • 16. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] претставува скриена бариера за меѓународната трговија. Телото за решавање спорови ја усвоило одлуката на панелот како и онаа на Апелациското тело. ЕУ кажала дека ќе ја спроведе одлуката на СТО во најкратко можно време. Ниту една од страните не била во состојба да се договорат колку и што значи “ разумен временски период” за спроведување. Така арбитрерот одлучил дека ЕУ има потреба од 15 месеци, односно до 13 мај 1999 да ја спроведе одлуката.29 1999 Како одговор на одлуката на СТО, во февруари ЕУ истакнала три опции за решавање на спорот и тоа: 1. Надомест на штета на САД; 2. Отстранување на забраната во комбинација со соодветен систем за етикетирање и 3. Промена на забраната како привремена мерка.30 САД испратиле писмо до комесарите на Европската унија за земјоделство и трговија со потцртување на можноста за систем за етикетирање. Но наместо таа можност, поддршката од најголемиот дел од индустријата за говедско месо влијаела САД да се одлучат за примена на одредени реторзивни мерки. Во март, САД објавиле дека ќе разгледаат можни трговски санкции против ЕУ и објавиле прелиминарна листа на производи што би можеле да бидат предмет на зголемени царини доколку спорот не се реши. Во април, ЕУ го издала своето прво испитување и мислење, врз основа на студии на Научниот комитет на ЕУ за ветеринарни мерки што се однесуваат на јавното здравје (Scientific Committee on Veterinary Measures relating to Public Health - SCVPH), за потенцијалниот ризик врз човековото здравје од конзумирањето месо третирано со хормони. Образложението на комитетот било дека тој има докази што покажуваат дека хормонот за раст естрадиол што се употребувал при одгледувањето на добиток е канцероген како и дека има и други потенцијални ризици по здравјето на човекот. 29 Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington , 2015, p. 31 30 Ibid
  • 17. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] Извештајот содржел критики од Комитетот за ветеринарни продукти во Обединетото Кралство што биле наведени во него. Истовремено, крајниот рок на ЕУ за спроведување на одлуката на Апелациското тело истекувал на 13 мај. Во јули, САД и Канада побарале дозвола од СТО да покренат царински концесии и да и вратат во иста мера на Европската унија. СТО поставил нивоа и тоа во износ од 116.8 милиони долари за САД и 11.3 милиони за Канада.31 Канцеларијата на трговскиот претставник на САД (United States Trade Representative - USTR) ја објавил својата одлука за наметнување на 100% ad valorem стапка на акциза за листата на специфични производи од одредени земји-членки на ЕУ, што стапила на сила на 29 јули. Листата на производи вклучувала говедско месо, свинско месо, црн дроб од гуска, сирење, тартуфи, кромид, моркови, конзервирани домати, колбаси, супи, предиво, сенф, сок, цикорија, тост леб, чоколадо, џемови, лепак, и волнена маст. Листата на САД била насочена кон Франција, Германија, Италија и Данска, но не и кон Обединетото Кралство.32 2000 Во мај Европската унија го издала своето второ испитување и мислење, што било базирано на студии од Научниот комитет за ветеринарни мерки поврзани со јавното здравје за потенцијалните ризици врз здравјето на луѓето поврзани со конзумирањето месо третирано со хормони. Испитувањето дошло до заклучок дека новите информации не обезбедиле убедливи податоци и аргументи со кои би се појавила потреба за ревизија на претходните заклучоци. Всушност резултатите од новото испитување не се разликувале од она во 1999 год. Конгресот на САД донел закони како дел од Законот за трговија и развој од 2000 год. , со кои се барало од Трговскиот претставник на САД (USTR) да ја прегледа и периодично да ја ревидира и намалува листата на производи што се предмет на реторзивни мерки, кога и некоја друга земја нема да успее да ја спроведе одлуката на СТО за одреден спор. Оваа периодична ревизија на листата на продукти станала позната како “рингишпил одмазда”33 31 Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington , 2015, p. 31 32 Ibid 33 Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington , 2015, p. 31
  • 18. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] 2001 Комисијата обезбедила документација од студии, списанија и публикации. САД и ЕУ иницирале дискусија за надомест.34 2002 Во април, Европската унија го објавила и своето трето истражување и мислење врз основа на студии од Научниот комитет за ветеринарни мерки поврзани со јавното здравје, за потенцијалните ризици врз здравјето на луѓето поврзани со потрошувачката на месо третирано со хормони. Истражувањето ги потврдило уште еднаш своите претходни заклучоци. Дало осврт на 17 студии иницирани во 1998 год. , и повторно ги потврдило претходните наоди од двете претходни истражувања во 1999 год. и во 2000 год.35 2003 Во септември, Комисијата издала Директива 2003/74, амандман 96/22 со која трајно забранила употреба на естрадиол на животни од фарма и привремено ја забранила употребата на другите пет хормони, додека не се обезбеделе комплетни научни информации. ЕУ ги изразила своите напори да ја замени првобитната забрана со привремена што била во согласност со обврските спрема СТО, цитирајќи го член 5.7 од СПС спогодбата: дозволени се привремени мерки во случај кога нема доволно научни докази, под услов дека проценката на ризикот ќе се врши во разумен временски рок. Во октомври, ЕУ издала соопштение за медиумите во кое потврдила дека забраната е поддржана од испитувањата на комитетот од 1999 год. и 2000 год. што сочинуваат “темелна проценка на ризикот врз основа на тековните научни знаења” и дека со тоа ги исполнила обврските кон СТО. САД повторно се сомневале дека тие испитувања содржат проценка на ризикот. ЕУ тврдела дека САД и Канада немале правна основа за продолжување на трговските санкции против неа. Во декември, Унијата го пријавила спорот во СТО за да добие мултилатерална одлука.36 34 Ibid 35 Ibid 36 Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington , 2015, p. 32
  • 19. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] 2004-2005 ЕУ покренала нов спор при што тврдела дека таа направила измена во својата забрана, а САД и Канада требале да ги отстранат трговските санкции против неа, бидејќи не биле конзистентни со правилата на СТО. Случаите на САД и Канада биле ефикасно споени во рамките на еден панел, бидејќи биле во голема мера идентични, иако се технички одвоени.37 Австралија и Мексико се приклучиле кон консултациите. ЕУ барала воспоставување на нов панел во СТО чиешто заседание би било во септември 2005 год. Тоа било првиот панел на СТО што бил отворен за набљудување од страна на јавноста. 2006 Панелот на СТО објавил дека поради комплексноста на спорот, како и административните и процедуралните прашања, панелот нема да ја заврши својата работа до октомври 2006. Комитетот за ветеринарни производи на Обединетото Кралство издал втор извештај во кој ги критикувал наодите на Начниот комитет на ЕУ. Во октомври, трговскиот претставник на САД се одлучил против ревидирање и намалување на листата на производи што биле предмет на повисоки царини при увоз во САД. Оваа одлука била поддржана од Националната асоцијација за говедско месо, како и од Федерацијата за извоз на месо на САД. Судот на САД за меѓународна трговија одредил дека оваа акција била во согласност со барањата на таканаречената “рингишпил одмазда” (повратни мерки). 2007 Панелот на СТО повторно објавил дека поради комплексноста на спорот и вклучените научни прашања како и проблемите во распоредот, неговиот конечен извештај ќе го одложи до јуни 2007 год. Во јуни, Европската управа за безбедност на храна (European Food Safety Authority - EFSA) донела свое мислење во врска со хормонот што имал остатоци во говедското 37 Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington , 2015, p.32
  • 20. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] месо и месните продукти, базирани на нејзината ревизија на научните податоци. Таа заклулчила дека новите јавно достапни податоци не обезбедуваат квантитативни информации за проценка на ризик, и според тоа не се повикуваат на ревизија на претходните проценки. Во јули, панелот на СТО го објавил привремениот извештај, кој вклучувал наоди и заклучоци. Датата за објавување на крајниот извештај била преместена до октомври 2007, и на крајот тој бил објавен во декември истата година. 2008 Во март, извештајот на панелот на СТО бил доставен до членовите на усвојување. Панелот објавил дека пронашол грешка кај сите три страни (ЕУ, САД и Канада) на различни важни и процедурални аспекти на спорот. Извештајот на панелот тврдел дека ЕУ не презентирала доволно научни докази за да ја оправда својата забрана за увоз, вклучително и извештајот за проценка на ризик од 2003 год. Извештајот на панелот ги обвинил САД и Канада за продолжување на нивните трговски санкции. Трите страни поднеле жалба, наведувајќи процедурални грешки и несогласувања со наодите на панелот.38 Во октомври, Апелациското тело на СТО објавило мешана одлука што им овозможила продолжување на трговските санкции на САД и Канада кон ЕУ , но исто така додала дека ЕУ може да продолжи со примената на забраната за увоз на говедско месо третирано со хормони од САД и Канада. Апелациското тело ја променило одлуката на панелот дека забраната на ЕУ е некомпатибилна со правилата на СТО, со што и дала поголема почит на ЕУ при нејзиното одлучување за основата на нејзините прописи за безбедност на храната. Трговскиот претставник на САД во октомври објавил дека бара коментар за можната промена на листата на европски производи што биле предмет на зголемени царини поради спорот. Во декември 2008 год. ЕУ побарала воспоставување на консултации согласно членот 21.5 од Механизмот за решавање на спорови, за да се утврди дали тоа е во согласност со нејзините обврски кон СТО во главниот спор за хормони.39 38 Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington , 2015, p. 32 39 Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington , 2015, p. 33
  • 21. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] 2009 Во јануари, Трговскиот претставник на САД објавил промени во листата на европски производи што биле предмет на зголемени царини поради спорот, додавајќи земји и зголемувајќи ги царините на селектираните производи, што стапиле во сила на 23-ти март 2009 год. ЕУ тврдела дека овој потег на САД претставувал “ескалација” на спорот, и е “повеќе ригорозен” од постоечките трговски санкции. Во мај 2009, по серија на преговори, САД и ЕУ потпишале Меморандум за разбирање (Memorandum of Understanding - MOU), во обид да се реши овој долгогодишен спор со натамошно отварање на пазарот на ЕУ за месо што не е третирано со хормони. Условите на овој договор требало да бидат отстранети во текот на наредните години. Како дел од фаза 1 од меморандумот, ЕУ усвоила прописи за воспоставување царински квоти за увоз на 20,000 тони висококвалитетно говедско месо, што биле ефективни од август 2009 год. САД се согласиле да не ги спроведуваат “рингишпил” санкциите од јануари 2009 год., што требало да значи повисоки давачки за избрани европски производи при увоз во САД. Но сепак трговските санкции би останале во сила за одреден извоз на Европската унија до конечната фаза на договорот. 2010 Во октомври 2010 год., Апелацискиот суд на САД во случај што се однесувал на давачки платени од извозници од ЕУ во рамките на спорот, донел одлука дека тие може да се квалификуваат за повраток на средствата.40 2011 Во мај 2011 год, трговскиот претставник на САД (USTR) објавил дека ги суспендира повисоките давачки за увезените производи од листата, наведени во спорот, пред закажаниот датум во рамките на Меморандумот за разбирање. 2012 Како дел од фаза 2 на Меморандумот за разбирање, во јуни 2012 година, ЕУ усвоила прописи, со кои ја зголемила квотата за увоз на висококвалитетно говедско месо на 40 Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington , 2015, p.32
  • 22. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] 48,200 тони, и го променила системот за управување со квоти на основа на “прв дојден, прв услужен” , што биле целосно ефективни од aвгуст 2012 год.41 2013 Во октомври 2013 год., ЕУ одобрила двегодишно продолжување на втората фаза на Меморандумот за разбирање, овозможувајќи зголемен пристап на говедското месо од САД одгледано без употреба на растечки додатоци (хормони) во замена за продолжување на суспензијата на САД на зголемените увозни давачки на некои прехрамбени производи од ЕУ. Продолжувањето требало да биде во важност до aвгуст 2015 година.42 *** По деталната разработка на овој спор можеме да дојдеме до одредени заклучоци. Сметаме дека низ процесот на овој спор има одредено позадинско партнерство меѓу САД и Обединетот Кралство. До овој заклучок дојдовме бидејќи во два наврати извештајот од Комитетот за ветеринарни продукти од Обединетото Кралство, содржел критики за наодите од Научниот комитет на ЕУ, што немале значајна научна подршка. Исто така, Обединетот Кралство била единствената европска земја против која не биле покренати реторзивни мерки. Според нашите согледувања овој спор можел да се реши уште во 1999 година, кога ЕУ ги истакнала трите можни опции за решавање на спорот од кои сметаме дека најповолна за двете страни би била онаа за отстранување на забраната во комбинација со соодветен систем за етикетирање. Но, САД иако размислувале за оваа опција сепак со мнозинска подршка и поради одредени лични причини се одлучиле да применуваат реторзивни мерки. 41 Renee Johnson, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington, 2015, p. 33 42 https://www.fas.org/sgp/crs/row/R40449.pdf
  • 23. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] Исто така, сметаме дека Апелациското тело со својата одлука во 2008-та година со која им дозволило на САД и Канада да продолжат со примената на реторзивни мерки, а на ЕУ со својата забрана, направило преседан и го поткопало постоењето на целиот концепт на Механизмот за решавање на спорови. Всушност сметаме дека не би смеело да се донесе таква одлука што не нуди никакво решение туку напротив го враќа спорот во првобитната форма. Како што можевме да видиме овој спор траел премногу долго, и покрај сите рокови што се неизбежни и што мора да се почитуваат. Всушност овој спор наликува на оние од времето на старата ГАТТ спогодба и на некој начин ни кажува дека и новиот Механизам за решавање на спорови не е ефикасен. Но сепак треба да ја земеме во предвид и комплексноста на спорот како и можната политичка или економска позадина на истиот. Па така, според нас Механизмот за решавање на спорови на СТО е успешен, во поглед на многу работи како можноста за обжалување на одлуките на панелот кај Апелациското тело, постоењето на рокови и сл. Спорот за хормони го гледаме како исклучок, само поради неговата комплексност. Односно го оправдуваме неговото одоговлекување бидејќи во него биле вклучени повеќе научни, технолошки, политички, економски , истражувачки аспекти и сл. Исто така, овој спор започнал во времето на ГАТТ, а потоа бил префрлен во новиот Механизам за решавање на спорови, што донекаде можеме да го сметаме и како оправдување за неговата долготрајност. Од друга страна, панелите биле составувани од личности кои немале никакво знаење во однос на јавното здравје. Таков бил панелот составен во 1996 год. од еден адвокат и двајца дипломати. Битно е да напоменеме дека и покрај долгорочните препирања меѓу САД и ЕУ и секаков вид на казнувања, одложувања, непочитувања сепак на крајот имаме позитивна завршница на овој спор, а таа произлегува од добрата воља на двете страни. Се разбира дека ова не значи дека Механизмот е совршен и дека не му се потребни одредени подобрувања. Напротив овој спор ни укажува на тоа дека механизмот е многу подобар од оној на ГАТТ но и дека има простор за негово усовршување. Така механизмот би можел да ги направи следниве измени:
  • 24. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] 1. При појава на комплексен спор, да се остави подолг временски период за страните да може да дојдат до цврсти докази. 2. Да се зголеми бројот на експерти од различни области при работата на панелот со цел да може да се донесе поточна и поправедна одлука. 3. Да се изгради орган што би имал моќ да ги присили страните да ги спроведуваат донесените одлуки од страна на панелот или Апелациското тело. 4. Да се создаде работна група што ќе прави истражувања за негативните последици врз вклучените страни во одреден спор, и да ги убедува и води страните кон меѓусебно договарање и помирување. Причината поради која сметаме дека овој спор е исклучок, е неговата обемна, а воедно и сомнителна позадина што ќе се обидеме да ја прикажеме понатаму во овој труд. Исто така, за да биде целосна разработката на спорот сметаме дека треба да дадеме краток осврт на размената на говедско месо, а и на производите што биле под санкции за време на спорот меѓу САД и ЕУ. 4. Трговска размена на говедско месо и други производи меѓу страните за време на спорот Соединетите Американски Држави и Европската Унија активно ги штителе своите пазари за говедско месо. Пред забраната , повеќе од 50 000 тони биле извезувани од САД во ЕУ годишно, а ЕУ имала увозна квота од 10 000 тони на високо квалитетно говедско месо. Единаесет проценти од извозот на САД бил наменет за продажба во Франција и Англија.43 Во 1987, САД извезувале говедско месо во вредност од 145 милиони долари во Европа, а пак Европската унија извезувала такво месо (најчесто конзервирано) во вредност од 449 милиони долари во САД.44 Од овие податоци можеме да сфатиме дека иако извозот на САД бил голем сепак тој не е значителен. 43 Devereaux Charan, Lawrence Z. Robert, Watkins D. Michael, Case studies in US Trade negotiation vol. 2, Peterson Institute for International Economics, Washington DC, 2006, p. 3-4 44 Ibid
  • 25. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] Всушност, можеме да видиме дека пред забраната Европската унија неприкосновено доминирала во извозот на говедско месо во Соединетите Американски Држави. 4.1 Извозот на САД во ЕУ Изгубениот извоз на САД поради забраната за увоз на говедско месо во ЕУ бил предвиден на околу 100 милиони долари годишно и проценет отприлика еднакво со реторзивните мерки против извозот на селектирани производи од ЕУ.45 Моментално извозот на САД не се смета како значаен дел од европскиот пазар на говедско месо. Поради забраната, расположливиот извоз на месо од САД мора да биде сертифициран дека не бил третиран со хормони. Тој е предмет на квоти што ја лимитираат вкупната количина на месо што може да се увезе според преференцијалните царини. Индустријата за говедско месо на САД тврдела дека доколку забраната не би постоела, извозот на говедско месо од САД во ЕУ би бил многу поголем.46 Оценувањето на тековните трговски трендови е комплексно поради големите несовпаѓања меѓу изнесените податоци за извозот на САД и оние за увозот на ЕУ во однос на говедското месо. Поради загриженост дека податоците за извозот на говедско месо од САД нема да ги рефлектираат актуелните трговски услови, во овој извештај ќе се испитуваат расположливите податоци за увозот на говедско месо на ЕУ. Овие податоци се достапни само од 1999 год. и не овозможуваат целосна евалуација на последиците од забраната врз извозот на САД во периодот. Овие податоци ни покажуваат дека увозот на говедско месо во ЕУ од САД е многу мал во периодот од 2000 до 2006 год. во споредба со оној во 1999 год. кој изнесувал просечно 5-6 милиони долари годишно.(Слика 1). Во овој период извозот на говедското месо од САД опфаќал помалку од 1% од европскиот пазар на говедско месо. Поголемиот дел од увозот на говедско месо во ЕУ бил од Бразил, Аргентина, Уругвај и некои други земји.47 45 Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington, 2015, p. 17 46 Ibid 47 Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington, 2015, p. 18
  • 26. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] Од достапните податоци за извозот на говедско месо од САД, за десетгодишниот пероид од 1989 до 1998 год. може да се види дека извозот на свежо или замрзнато говедско месо изнесувал просечно 11-13 милиони долари годишно. Федерацијата за извоз на месо на САД изјавила дека во 2010 год. извозот на говедско месо од САД во ЕУ бил проценет на 165 милиони долари.48 Слика 1.Објавениот увоз на ЕУ на говедско месо од САД 1999-2013 Извор: Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington, 2015, p. 18 Податоците за увозот на ЕУ исто така покажуваат дека во изминатите неколку години извозот на САД се зголемил, особено на свежо и замрзнато говедско и достигнал до 220 милиони долари во 2013-та година. Според истите податоци извозот на САД е проценет на приближно 15 % од целокупниот увоз на ЕУ на говедско месо, што е поголем од прoцентот во 2008-та година кога изнесувал само 4%.49 И покрај нецелосната веродостојност на податоците, Федерацијата за извоз на месо на САД, потврдила дека извозот на САД во ЕУ се зголемил во последните неколку 48 Ibid 49 Ibid
  • 27. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] години. Тоа се должело на донесената програма за увоз на говедско месо што не е третирано со хормони.50 Волуменот на пратките за повеќето производи со говедско месо бил ограничен од таканаречената “Хилтон квота” на ЕУ за високо квалитетно говедско месо - царинска квота што стапила на сила во 1997 год. и што дозволила фиксиран износ на свежо/замрзнато говедско месо да се увезе од селектираните земји пред да биде предмет на повисоки царини. Оваа квота дозволува увоз од Северна Америка вклучувајкија и Канада, во ЕУ во износ од 11,500 метрички тони со 20% царина. Моментално ЕУ ја зголемила оваа годишна квота на 45,000 тони за месо што не е третирано со хормони, за одредени земји вклучувајки ги и САД.51 Испораката на говедско месо од САД во ЕУ се зголемила нагло во последниве години. Во 2008 год., било пријавено дека 4900 тони говедско месо од САД било транспортирано во ЕУ во рамките на предходно споменатата квота, што претставува речиси двојно зголемување во споредба со 2007 год. Во 2009 год. пак, САД транспортирале 12 000 тони месо во рамките на квотата што претставува уште едно двојно зголемување од она во 2008 год. Според податоците за увоз на ЕУ, испораката на говедско од САД во Европските земји била од 16000-17000 тони во периодот од 2011-2013 год. Во моментов како дел од третата фаза на Меморандумот за разбирање квотата за увоз на говедско месо во ЕУ изнесува 45 000 тони, и сеуште не е достигната.52 4.2 Увозот на САД од ЕУ Во 1999 год. поради реторзивните мерки што ги покренал САД против одредени земјоделски производи од земјите-членки на ЕУ, нивниот увоз во САД значително се намалил (Слика 2, Табела 1). Табелата го покажува само периодот од 1996 до 2008 год. 50 Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington, 2015, p. 19 51 Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington, 2015, p. 19 52 Ibid
  • 28. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] бидејќи САД се согласиле да ги суспендираат реторзивните мерки при увозот на селектираните производи од ЕУ. Тие го направиле тоа во согласност со потпишувањето на Меморандумот за разбирање . Севкупно, американскиот увоз на овие производи се намалил од околу 130 милиони долари во 1997-1998 год, на само 15 милиони долари во 2008 год. 53 Производите што имале најзначајно намалување при увозот во САД биле месо и производи од риба, овошни сокови, други овошни и производи од зеленчук, обработена храна, чоколадни производи, предива и други земјоделски производи. Увозот на некои производи како рокфор сирењето, сенфот и кафето се намалил но не многу. Во овој период овие производи од ЕУ и понатаму биле увезувани во САД но се претпоставува дека се продавале по многу повисоки цени, со оглед на потребата да се покријат зголемените трошоци за увоз поради повисоките царини. Слика 2. Увозот на САД на селектирани производи од ЕУ 1996-2008 Извор: Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service,Washington, 2015, p. 22 53 Johnson Renee, The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington, 2015, p. 21
  • 29. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] Табела 1. Увоз на САД на селектирани производи од ЕУ 1996-2008 (во милиони $) Извор: Johnson Renee , The U.S.-EU Beef Hormone Dispute, Congressional Research Service, Washington, 2015, p. 22 Продукти 1996 1998 2000 2002 2004 2006 2008 Месни производи 16,7 20,9 1,1 0,6 0,5 0,1 0,3 Риба 12,5 8,5 0,6 0,2 0,0 0,2 0,3 Сирење 4,4 4,4 2,1 2,0 3,0 2,4 2,7 Домати 9,6 21,3 0,3 0,3 0,6 0,4 0,3 Овошни сокови 10,0 25,4 0,7 0,7 3,3 0,8 3,5 Други овошја/зел. 7,2 18,3 2,2 0,9 0,7 0,6 0,2 Кафе 4,4 3,8 1,1 1,1 1,2 1,2 1,0 Сенф 5,5 5,3 3,5 3,7 4,5 3,9 3,9 Супи/Чорби 2,3 5,2 1,3 1,3 0,5 0,1 0,0 Тост леб 8,7 7,9 2,1 2,0 2,2 2,1 2,0 Производи од какао 0,4 1,5 0,1 0,2 0,1 0,1 0,1 Непрехрамбени 5,6 7,0 0,5 0,7 0,7 0,1 0,2 Вкупно 87,3 129,5 15,5 13,7 17,3 12,0 14,5
  • 30. 29 Спор за хормони [МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ТРГОВСКИ СИСТЕМ] 5. Активности што се одвивале во позадина за време на спорот За да го потврдиме нашиот став дека овој спор може да се смета како исклучок при оценувањето на ефикасноста на Механизмот за решавање на спорови ќе се обидеме да потенцираме неколку според нас неправилни постапки од двете земји, како и да дадеме краток осврт на некои од работите што се одвивале во позадината на спорот за хормони. Всушност, целта ни е да ја прикажеме огромната комплексност на спорот, поради судирот на многубројни интереси, што довела до тоа овој спор да биде еден од најдолгите и да го прикаже Механизмот за решавање спорови како неуспешен. Во суштината на спорот лежат фундаментални несогласувања во однос на трговијата со храна. САД тврделе дека европскиот регулаторен процес бил под влијание на политиката. Американските претставници биле исфрустрирани од она што го виделе како политички потег за заштита на пазарот на говедско месо во Европската унија, со повикување на научно неподдржани тврдења за штетните здравствени ефекти на хормоните. САД тврделе дека регулирањето на храната треба да се базира на наука, а не на политика или протекционизам. Европа пак ја бранела својата забрана тврдејќи дека здравствените проблеми треба да се решат на демократски начин: од политичарите кои одговараат пред своите гласачи. Било истакнато дека, европските потрошувачи имаат различни стандарди од американските потрошувачи кога станува збор за храната. Европските претставници се повикале на „принципот на претпазливост“ за да го оправдаат својот став со што тие верувале дека имаат право да постават таква забрана за производи за кои постои сомнеж дека се опасни, но тоа не е докажано. Европа возвратила дека вистинскиот проблем бил тоа што системот на американската трговија бил под влијание на индустријата. САД ги влошиле прекуатланските трговски односи со капитулирање пред барањата на лоби групите на корпорациите за производство на говедско месо. Односот како кон клиент, меѓу