Successfully reported this slideshow.
We use your LinkedIn profile and activity data to personalize ads and to show you more relevant ads. You can change your ad preferences anytime.

Agenda, Audit of COVID related expenditures, SIGMA, 17 February 2021 (Macedonian)

Agenda in Macedonian of the webinar co-organised by SIGMA and the Network of Supreme Audit Institutions of EU candidates and potential candidate countries, being held on 17 February 2021. This event will explore the audit of COVID-19 related expenditures.

  • Be the first to comment

  • Be the first to like this

Agenda, Audit of COVID related expenditures, SIGMA, 17 February 2021 (Macedonian)

  1. 1. 2 Rue André Pascal 75775 Paris Cedex 16 France mailto:sigmaweb@oecd.org Tel: +33 (0) 1 45 24 82 00 www.sigmaweb.org . Овој документ е подготвен со финансиска помош од Европската унија (ЕУ). Документот не треба да се смета дека ги одразува официјалните ставови на ЕУ, на ОЕЦД или на нејзините земји-членки, или на партнерите кои учествуваат во програмата СИГМА. Мислењата коишто се изразени и изнесените аргументи се ставови на авторите. Овој документ и секоја мапа вклучена во истиот не се во спротивност со статусот или суверенитетот на која било територија, означувањето на меѓународните граници и со името на која било територија, град или област. © ОЕЦД 2021 – Користењето на овој материјал, во дигитална или печатена форма, е уредено со Условите објавени на веб-страницата на ОЕЦД http://www.oecd.org/termsandconditions. Мрежа на врховните ревизорски институции на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ и Европскиот суд на ревизори Ревизија на расходи поврзани со КОВИД-19 Виртуелна работилница – 17 февруари 2021 година, 10:00 до 12:15 часот 1. Добредојде и вовед 10:00 - 10:15 • Добредојде и цели на настанот – Аластер Сварбрик и Бјанка Бретеше, СИГМА • Контекст – Да се обезбеди уверување за програмите поврзани со КОВИД-19 преку ревизии на усогласеност – Мартин Синклер, експерт на СИГМА. Г. Синклер ќе даде краток преглед на примената на ревизиите на усогласеност за подобрување на отчетноста и транспарентноста на итните расходи за справување со пандемијата од КОВИД-19. 2. Студии на случај за ревизии на усогласеност • Латвиското искуство – Марита Салграве, експерт на СИГМА, поранешен член на Советот на Државниот завод за ревизија на Латвија и раководител за стратегија. Г-ѓа Салграве ќе претстави како Државниот завод за ревизија на Латвија користи ревизии на усогласеност за да даде уверување за расходите поврзани со КОВИД-19: процесот на избор на ревизии, ревизорски пристап, наоди и механизми за известување, одговарање на очекувањата на засегнатите страни. Тоа ќе вклучува примери на спроведени ревизии. • Северна Македонија – Државниот завод за ревизија на Северна Македонија ќе го претстави она што може да биде споделено во оваа фаза за нивните последни ревизии на усогласеност поврзани со КОВИД-19, особено за процесот на избор на ревизиите, ревизорскиот пристап и извлечените поуки. • Општа дискусија, вклучително и прашања и одговори за презентациите. • Заклучоци за можностите и предизвиците (Мартин Синклер). 3. Спроведување ефективна ревизија кога се работи во ограничувањата кои ги наметна пандемијата 11:15 - 12:10 • Панел-дискусија – во панел дискусијата ќе се разгледува начинот на кој ВРИ од Латвија и Турија ја приспособиле својата работа за да одговорат на ограничувањата наметнати за да се ублажи ефектот на пандемијата. - Модератор – СИГМА - Латвија – Марита Салграве - Турција – Aјсун Челебчи, виш ревизор, Суд за ревизија на Турција • Општа дискусија – претставниците на секоја ВРИ се поканети да дадат краток преглед на можностите и пречките кои произлегоа од ограничувањата воведени за да се ублажат влијанијата на пандемијата врз општеството. • Заклучоци (Мартин Синклер). 4. Заклучоци и наредни чекори 12:10 - 12:15 часот • Наредни чекори – Аластер Сварбрик и Бјанка Бретеше, СИГМА

×