Presentation in Macedonian by Marita Salgrave, Latvia, on the SAI's strategy for response to COVID-19 – compliance auditing as one of the tools, at the SIGMA webinar on the audit of COVID-related expenditures, held on 17 February 2021.
2. 1
Вонредни состојби – дали ВРИ треба веднаш да реагираат? Ако
треба, тогаш како?
Состојба за време на првите 2-4 недели откако беа
идентификувани првите пациенти -
Збунети влади и собранија (балансираа помеѓу потребата од
итни мерки и ограничувањата на правната рамка / управните
постапки);
Очајна потреба за совети – внатрешни или надворешни;
ВРИ во очите на носителите на одлуки и на пошироката јавност
е водач на кој другите може да се огледаат и е еден од
почитуваните советници.
3. 2
Дали ВРИ треба да одговори на состојбата?
Ние сме ревизори – природата на нашата работа обично е ex-post.
Ние немаме информации и искуство да дадеме професионален
совет;
Ограничено време (денови!) за ВРИ да донесе одлуки за
управувањето;
‘Воздржувањето’ и следењето се чини полесно и може да биде
оправдано, меѓутоа –
А да останеме релевантни (ИССАИ 12 и не само тоа)?
4. 3
Како ВРИ да одговори на ситуацијата за да „остане релевантна“?
Да се прифатат ‘компромиси’ помеѓу улогата на чувар и
поактивен советник на владата.
(Да се објавуваат извештаи од штотуку извршени ревизии и/или
да се одложат тековните ревизии за да се дозволи владата да се
фокусира на пандемијата? Да се продолжи со ревизиите, а само
да се изменат методите на работа? Итно да се измени
годишниот план за ревизија за да се фокусира на итните
расходи? Итн. ...
Да се понуди ‘производот’ што ние, како ВРИ, знаеме како да го
произведеме – ревизорските извештаи, само поинаку;
Да се бара офлајн партнерство со други ВРИ.
5. 4
Слика од веб страницата на ДЗР (информации објавени во април
2020)
https://www.lrvk.gov.lv/en/news/the-state-audit-office-calls-for-responsibility-and-
mutual-support
6. 5
На што се фокусираше изменетиот Годишен план за
ревизија?
Област на интервенција 1*: Ревидирање на минимум 90% од
‘вонредните’ трошоци распределени за справување со КОВИД-19
(средства за непредвидени ситуации и буџетски прераспределби
поврзани со КОВИД-19) – постигнување на целите на усогласен
начин;
Област на интервенција 2: Ревидирање на трошоците од
таканаречените приоритетни мерки (нови иницијативи од владата
вклучени во буџетот за 2020 година пред пандемијата) –
постигнување на целите на усогласен начин;
Област на интервенција 3: ефикасност на заштедите во
‘редовните’ трошоци на јавните институции;
Област на интервенција 4: Ревизии кои првично беа вклучени во
Годишниот план за ревизија за 2020 година на ДЗР на Латвија.
* Трошоците поврзани со КОВИД-19 за 2020 година се ~ 2 милијарди евра.
7. 6
Субјекти предмет на ревизија
Сите институции кои го добија главниот дел од вонредните трошоци.
На пример, ‘вонредни’ средства доделени за:
шеми за поддршка на вработувањето (шеми за периодот на
мирување за вработените погодени од КОВИД-19);
набавка на лична заштитна опрема (ЛЗО);
обезбедување на процесот на учење на далечина во училиштата;
финансирање студии во врска со ублажувањето на ефектите од
КОВИД-19;
сите видови социјална помош кои ги дава секторот за социјална
помош;
подигнување на јавната свест за теми поврзани со КОВИД-19;
изградба на патишта;
зголемување на капиталот на претпријатијата во државна
сопственост во областа на транспортот;
зголемување на капиталот на поголемите болници;
надоместок за дополнителниот обем на работа за лекарите и
другите вработени, итн.
8. 7
Видови ревизија кои ги користеше ДЗР на Латвија за
ревидирање на трошоците поврзани со КОВИД-19
1) Финансиска ревизија на финансиските извештаи за 2020 година
на јавните институции
Трошоците за КОВИД-19 се сметаа како проверка на
усогласеноста во рамки на финансиската ревизија со различен
ревизорски пристап; резултатите од ревизијата беа резимирани
во времен извештај, кој беше издаден одделно и не се чекаше да
се финализираат финансиските ревизии). Всушност,
финансиските ревизии се претворија во комбинирани финансиски
ревизии/ревизии на усогласеност – бидејќи проверките на
усогласеноста навлегоа подлабоко од ИССАИ 2250 ‘Разгледување
на законите и прописите’.
2) Ревизија на усогласеност на специфични предмети
9. 8
Ревизија на трошоците поврзани со КОВИД 19 - напредок
https://www.lrvk.gov.lv/en/covid-19/auditing-covid-19-emergency-
spending/completed-audits
17 ревизорски извештаи во врска со КОВИД-19; 13 се во тек;
Малку се доцни, но во моментов се напредува (1 извештај во период од
2 недели).
10. 9
Примери на теми за трошоци поврзани со КОВИД-19 кои веќе се
опфатени
Процес на испорака на лична заштитна опрема во здравствениот сектор (20.07.2020).
Систем за набавки воспоставен од Министерството за одбрана и набавките извршени за време
на вонредната состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19 (17.08.2020).
Користење на средствата за непредвидени ситуации доделени на Министерството за
внатрешни работи за набавката на лична заштитна опрема и средства за дезинфекција
(02.09.2020).
Обезбедување на процес на учење на далечина за време на вонредна состојба (30.09.2020).
Користење на средствата за непредвидени ситуации за бонуси за службениците од
Министерството за внатрешни работи за спречување на ширењето на КОВИД-19 (13.10.2020).
Користење на средствата за непредвидени ситуации на Министерството за социјална политика
за исплата на продолжен родителски надоместок, вонреден бонус на националниот семеен
надоместок за дете со посебни потреби и зголемен надоместок за грижа на дете (26.11.2020).
Користење на средствата за непредвидени ситуации доделени на Министерството за правда за
бонуси за вработените во затворите кои се директно вклучени во спречување на ширењето на
КОВИД-19 (14.12.2020).
Користење на средствата за непредвидени ситуации доделени на Фондот за социјална
интеграција и на Националниот совет за електронски масовни медиуми за медиумска
поддршка за да се обезбеди дека јавноста има пристап до информации за надминување на
кризата со КОВИД-19, како и за да се гарантира безбедноста на националниот информациски
простор во комерцијалните електронски масовни медиуми (22.12.2020).
Оценување на инвестициите на МЕУР 190 во капитал во акционерското друштво „Development
Financial Institution Altum“ за поддршка на економските оператори кои се во тешка положба
поради избивањето на КОВИД-19 (15.01.2021).
Користење на средствата за непредвидени ситуации доделени на Министерството за
здравство за бонуси за медицинскиот персонал во здравствениот сектор бидејќи работат во
хипердинамична средина со висок ризик (10.02.2021).
…
11. 10
Примери на ревизии на усогласеност за трошоците поврзани со
КОВИД-19 ќе бидат прикажани понатаму
«Процес на испорака на лична заштитна опрема во
здравствениот сектор – дали недоволните прописи може
да ги оправдаат избрзаните одлуки?» (20.07.2020)
«Систем за набавки воспоставен од Министерството за
одбрана и набавките извршени за време на вонредната
состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19»
(17.08.2020)
12. 11
Пример на ревизија 1: „Процес на испорака на лична заштитна
опрема во здравствениот сектор – дали недоволните прописи може
да ги оправдаат избрзаните одлуки?“
Вовед:
Постапката за набавка на ЛЗО беше спроведена од
Националната здравствена служба (НЗС) и Службата за итна
помош (СИП);
Временски период – почетокот на март до 2 април 2020 година,
кога обврската за набавката беше преземена од секторот за
одбрана.
беа потрошени 5,7 милиони евра и беа ангажирани пет
доставувачи.
13. 12
Пример на ревизија 1: „Процес на испорака на лична заштитна
опрема во здравствениот сектор – дали недоволните прописи може
да ги оправдаат избрзаните одлуки?“– продолж. 1
Ревизорите бараа одговори на следниве прашања:
Дали системот за цивилна одбрана, општо, беше подготвен да ја
обезбеди бараната количина на ЛЗО во вонредна состојба?
Дали Министерството за здравство беше подготвено да делува
веднаш и во согласност со законот за да обезбеди ЛЗО?
Како беа организирани постапките за набавки во Министерството
за здравство?
Како беше извршена процената на потребите за ЛЗП од сите
сектори?
Како беше тестирана усогласеноста на испорачаната ЛЗО?
Белешка: Ревизија на „исправност“ наместо ревизија на
„регуларност“
14. 13
Пример на ревизија 1: „Процес на испорака на лична заштитна
опрема во здравствениот сектор – дали недоволните прописи може
да ги оправдаат избрзаните одлуки?“– продолж. 2
Главни наоди –
1) Одредбите од Законот за јавните набавки беа „замрзнати“, а
насоките за набавките во вонредна состојба беа издадени од МФ
и Бирото за јавни набавки речиси два месеци подоцна (29 април)
– поради што службениците делуваа врз основа на сопственото
разбирање на нивните права/должности и немаше
транспарентност;
2) Повеќе одлуки за техничките спецификации на ЛЗО, процесот на
испорака и изборот на доставувачите беа извршени еднострано
– недостигаа „дополнителни две очи“, што доведе до висок ризик
од корупција;
3) Дејствијата и одлуките на носителите на одлуки не беа воопшто
документирани за време на целиот процес;
4) Списокот на понудувачи не беше објавен, што ги ограничи
можностите актерите на пазарот да „алармираат“ за
потенцијални случаи на злоупотреба од аспект на превисоки
цени и можности за испорака
15. 14
Пример на ревизија 1: „Процес на испорака на лична заштитна
опрема во здравствениот сектор – дали недоволните прописи може
да ги оправдаат избрзаните одлуки?“– продолж. 3
Предизвик на ДЗР бр.1 – критериуми на ревизијата на усогласеност
Релевантна правна рамка – „замрзната“ или одложена;
Отсуство на насоки за субјектите на ревизија и за
ревизорите;
Немање пристап до добри практики во слични ситуации.
Предизвик на ДЗР бр.2 – недокументирани процеси (методи на
ревизија?)
Друг предизвик – паралелна истрага од „аналитички медиуми“
16. 15
Пример на ревизија 1: „Процес на испорака на лична заштитна
опрема во здравствениот сектор – дали недоволните прописи може
да ги оправдаат избрзаните одлуки?“– продолж. 4
Применетиот пристап –
Критериуми – (1) врз основа на професионалното расудување на
ревизорот, како требал да постапи субјектот на ревизија во
дадените околности; (2) делумно произлезени од насоките
издадени ex-post од МФ и Бирото за јавни набавки
Методи на ревизија – интервјуа, проверка на е-пошти, па дури и
на – WhatsApp пораки; колку што е можно да се реконструираат
процесите врз основа на исходот од интервенциите.
17. 16
Пример на ревизија 2: Системот за набавки воспоставен од
Министерството за одбрана и набавките извршени за време на
вонредната состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19
(17.08.2020)
Вовед:
Од 2 април 2020 година, набавката на ЛЗО ја презема Центарот
во рамки на Министерството за одбрана;
Центарот беше задолжен за набавката на ЛЗО на централно ниво
врз основа на листа со приоритетни потреби на институциите,
како и за да обезбеди складирање на ЛЗО по нејзината испорака;
На 21 април 2020 година, владата додели МЕУР 45 за оваа
набавка;
До денот на завршување на ревизијата, Центарот имаше
потпишано 29 договори за набавка на стоки за вкупно МЕУР 38,9.
18. 17
Пример на ревизија 2: Системот за набавки воспоставен од
Министерството за одбрана и набавките извршени за време на
вонредната состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19
(17.08.2020) – продолж. 1
Ревизорите бараа одговори на следниве прашања :
1) Дали постапката за централизирана набавка воспоставена во
Министерството за одбрана е во согласност со правната рамка и
насоките издадени од МФ и од Бирото за следење на јавните
набавки и
2) Дали ЛЗО која е набавена е во согласност со утврдената
постапка за набавка.
Белешка: Ревизија на „исправност“ наместо ревизија на
„регуларност“
19. 18
Пример на ревизија 2: Системот за набавки воспоставен од
Министерството за одбрана и набавките извршени за време на
вонредната состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19
(17.08.2020) – продолж. 2
Главни наоди –
1) постапката за централизирана набавка воспоставена од
Министерството за одбрана е во согласност со правната рамка и
насоките издадени од МФ и од Бирото за следење на јавните
набавки, меѓутоа
2) воспоставената постапка за набавка содржеше одредби слични
на „замрзнатиот“ Закон за јавните набавки, што резултираше со
долг, оптоварен и бирократски процес (договорите се потпишуваа
15-30 дена по изборот на доставувачите);
3) Министерството за одбрана не ја измени проактивно првично
воспоставената постапка кога ситуацијата од аспект на
епидемиолошката безбедност се стабилизираше и пазарот веќе
можеше да ја задоволи побарувачката (се занемари фокусот на
„ЕЕЕ“);
4) Поради заостанатите работи како резултат на комплицираната
постапка, ревизорите не добија уверување дека ЛЗО беше
набавена врз основа на економски најповолната понуда.
20. 19
Пример на ревизија 2: Системот за набавки воспоставен од
Министерството за одбрана и набавките извршени за време на
вонредната состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19
(17.08.2020) – продолж. 3
Предизвици на ДЗР:
Ревизорските критериуми лесно се дефинираа (усогласеност со
законската постапка; усогласеност на дејствијата со постапката),
меѓутоа, обемот на документи беше преголем;
Аспекти од ревизијата на успешност („ЕЕЕ“) влегоа во игра за
време на процесот на ревизија.
21. 20
Пример на ревизија 2: Системот за набавки воспоставен од
Министерството за одбрана и набавките извршени за време на
вонредната состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19
(17.08.2020) – продолж. 4
Препораки:
Итна изработка на Национален план за цивилна заштита (не
постои веќе 3 години) и ажурирање на Националниот план за
здравствена катастрофа;
Ажурирање на постапката за централизирани набавки која ја
применува Центарот за да се обезбеди можност системот да
одговори на постојаните промени во епидемиолошката средина и
да може да се обезбеди почитување на принципите за „ЕЕЕ“.
22. 21
Дополнителни чекори кои ДЗР ги презема по завршување на 3
ревизии за ЛЗО во различни сектори (здравство, одбрана и
внатрешни работи)
Покрај испраќање на поединечните ревизорски извештаи до
ревидираните субјекти и до Премиерот, ДЗР се понуди да помогне
да ја види „целата слика“, концептуализираните наоди да служат
како патоказ за наредни вонредни состојби.
https://www.lrvk.gov.lv/en/news/state-audit-office-submits-proposals-to-
the-prime-minister-after-audits-of-covid-19-related-procurements