2. Глобални еколошки феномени
• Глобалните еколошки феномени
кои се последица на загадувањето
на воздухот со специфични хемиски
соединенија, се:
– создавање на кисели дождови,
– феноменот стаклена градина и
– климатските промени,
– создавање смог и токсична магла,
– создавање на озонската дупка.
3. Настанување на стаклена градина
• Ефектот на стаклена градина настанува кога во
тропосферата се зголемува концентрацијата на
јаглерод диоксид и се создава еден вид топлотен
штит кој ја одбива и враќа топлината што ја зрачи
земјата.
Но климатските гасови како што е CO2 се
концентрираат и во погорните атмосферски слоеви.
Дејството на овие гасови е многу поголемо во
слоеви каде што густината на честитчките е многу
мала. Во пределот каде што се пренесуваат радио
брановите и каде летаат сателитите промените на
температурата и густината на честичките се
енормни. Во принцип може да се каже дека горната
земјина атмосфера се намалува со зголемување на
ефектот на стаклена градина.
4. Стаклена градина
• Денес се почесто во јавноста се наметнува
проблемот со глобалните климатски промени
предизвикани од ефектот на стаклена градина или
наречено и глобално загревање со кое се зголемува
глобалната просечна температура во атмосферата
во близина на земјината површина. Најголемо
учество во глобалното загревање има јаглеродниот
диоксид, чија концентрација во атмосферата е
зголемена за 31%во последните 250 години како
резултат на согорувањето на фосилните горива
(јаглен, нафта, гас, дрва,...).
• Секоја земја се стреми кон поголем економски
развој, но во иднина сите активности поврзани со
економскиот (особено индустрискиот) развој мора
да се третираат паралелно со нивното влијание врз
животната средина, пократко дефинирано со поимот
одржлив развој.
5. • Последниве две децении глобалното загревање добива
загрижувачки размери, утврдено е дека 1998 година е
најтопла година воопшто во минатото. Глобалното
загревање е причина за голем број негативни последици
врз животната средина кои се документирани од
релевантни институции.
Како резултат на активностите на меѓународната заедница,
донесена е т.н. Рио конвенцијата (1992), а потоа и Кјото
протоколот (1997). Предвидените мерки во голема мера (ќе)
влијаат на различен начин врз социоекономските состојби
во секоја земја, пред се на индустријата, енергијата, па дури
и во секојдневниот живот на населението.
6. Стаклена градина
• Животот на планетата Земја е можен поради природниот
ефект на стаклена градина. Природното појавување на
гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена
градина (стакленички гасови), пред сe водена пареа
(H2O), јаглерод диоксид (СО2), како и метан (CH4), азотен
оксид (N2O) и тропосферски озон (О3), овозможува
сончевата енергија да дојде до земјината површина како
видлива светлина, за потоа да биде заробена од
атмосферата (стакленичките гасови, кои формираат т.н.
„ефект на стаклена градина“) како инфрацрвена топлина.
во уште една безживотна планета во сончевиот систем.
7. Стаклена градина
• Земјината површина апсорбира најголем дел од зрачењето
и се загрева. Инфрацрвеното зрачење се емитира од
земјината површина. Овој феномен ја одржува топлината
на нашата планета, со што се обезбедува нормално
одвивање на физиолошките функции на сите живи
организми. Отсуството на стакленичките гасови би ја
намалило температурата на нашата планета за околу 33 0C,
претворајќи ја Земјата ледена површина
9. Стаклена градина
• Заладувањето, што ќе уследи ако до
2010-та година нема натамошен пораст
на температурата, ќе доведе до значајно
зголемување на површината на снежно-
ледениот покривач. Тоа ќе ја намали
апсорпционата способност на
површината на Земјата, а наедно ќе се
намалат и количествата на водена пареа
и јаглен диоксид во атмосферата. А
водената пареа е главен фактор на
„ефектот на стаклената градина“.
10. Македонија во
стаклената градина
• Големата концентрација на гасови во воздухот, што го
предизвикува ефектот на стаклена градина, достигна
кулминација во измината 2006 година. Според многу
светски научници, набрзо ќе дојде до нагло подигање
на нивото на морето. Научниците предупредуваат дека
ако итно не се преземат мерки против топењето на
мразот на Гренланд, нивото на морето во следните
1.000 години ќе може да се подигне за седум метри.
Според нив, тоа најмногу ќе ги загрози
најсиромашните земји во светот.
11. Македонија во
стаклената градинa
• Според Управата за хидрометеоролошки работи на
Република Македонија, последната деценија климатски е
една од најтоплите во целиот свет. А под влијание на
загадувањето, како и на природните промени во
последните 10 до 15 години, се појавиле драстични
промени во климата, тврдат стручњаците од Управата. Од
Одделението за климатологија велат дека во 50-тите години
на 20 век се забележани релативно повисоки температури
на воздухот на сите метеоролошки станици на целата
територија во земјава. Во последните десет години, од 1996
до 2005 година, просечната годишна температура
континуирано е повисока за неколку степени.
12. Гасовите на стаклената градина и
мултиплицирање на топлинскиот ефект
Апсорбција на
сончевата
енергија на
површината од
земјата
(1)
Одбивање на
сончева
енергија
(2)
(5)
Претварање во
топлина и одбивање
на топлиснките
зраци
(3)
Дополнително-затоплување
и повторно одбивање на
топлинскитезраци
(4)
(4)
Губење на
топлинските
зраци
(5)
Сонце