2. Загадувањето и заштитата на животната
средина станаа светски проблем
Големата концентрација на населението во одредени
области е придружена со присуство на
индустрија,сообраќај,енергетика, депонии на разни
отпадни материи и друго.
Сето ова предизвикува загадување на природните
елементи на животната средина:
-воздухот,
-водата,
-земјиштето/почвата,
-растителниот и животинскиот свет.
3. ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ
Воздухот-природна гасовита
материја составена од:
-99% азот и кислород;
-1 % разни други материи;
Изворите на загадување на
воздухот се:
-природни и
-вештачки.
4. Природни загадувачи на воздухот(вулканските ерупции,земјореси и пожари).
Вештачки загадувачи на
воздухот(индустријата,сообраќајот,енергетиката,согорување на разни отпадни
материи итн.)
Опасни Материи
Наведените извори предизвикуваат загадување на воздухот со сулфур
диоксид,азотни оксиди,јаглероден моноксид,олово и олово сулфат,чад и разни
честици-аероседименти.
Мерки за заштита
Кај објектите-загадувачи мора да се инсталираат соодветни уреди (филтри) и
процеси за прочистување на воздухот при неговата емисија.
5. ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОДАТА
Главни загадувачи на видите се индустријата.
Комуналните отпадни води (фекална и
атмосферската канализација),отпадни води од
земјоделството, од термоенергетски
објекти,депониите на цврст отпад , преработка
на руда и нафтени деривати и друго.
Според својствата на отпадните материи,
загадувањето на водата може да биде:
-физичко,
-хемиско,
-биолошко.
6. Физичко загадување
Физичкото загадување на водата се однесува на промени на нејзините физички својства,
како што се: температура,проѕирност,заматување и падиоактивност.
Хемиско загадување
Хемиското загадување најчесто настанува со внесување на разни хемиски соединенија
во водата.
Биолошко загадување
Биолошкото загадување се врши со внесување на разни организми во водите,како што
се бактерии, вируси и разни изумрени растителни и животински видови.
Мерки за заштита
-спречување на внесувањето на загадени материи во водните екосистеми;
-организирање на затворени системи на прочистување на отпадните води.
-прочистување на отпадните води со механички, со физичко-хемиски и со биолошки методи.
7. ЗАГАДУВАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО
Земјиштето, односно површинскиот растресит дел на Земјата е мошне
значаен за егзистирањето на растителниот и на животинскиот свет.
Загрозувањето и загадувањето на земјиштето се врши:
-природно,
-антропогено.
Природно загрозување на земјиштето се врши низ процесот на ерозија на
земјиштето и осиромашување на површинскиот слој.
8. Антропогеното загрозување и загадување се врши со интервенции на
човекот на површината на Земјата:
-непрекинато ширење на градовите во простори со продуктивно земјиште;
-изградба на нови сообраќајници и индустриски капацитети;
-депонирање на отпадни материјали;
-ерозија на земјиштето со сечење на шумите и изградба на градежни објекти;
-поголемото користење на хемиски средства во земјоделското производство;
-примена на отпадни води во процесот на земјоделското производство;
-отворање на големи површински рударски копови;
-депонирање јаловина од рудниците и од индустриското производство итн.
Мерки за заштита
Непосредните мерки претпоставуваатЧ
-спречување сечење на шумите и интензивирање на процесите на
пошумување;
-избегнување градење на индустриски капацитети;
-стручна употреба на минерални хемиски ѓубрива во земјоделското
производство;
-рециклирање на еднаш употребените материи;